„Кога пиеме кафе со Чупиќ и Дибиров, зборуваме секогаш за Вардар бидејќи за нас тоа беше најважното“, вели незаборавниот стратег на вардарци, кој секогаш кога доаѓа во Македонија се чувствува како дома.
Францускиот ракометен гигант пристигна со авион во Охрид, па со автобус преку Ресен и Ѓавато стаса во Битола за гостувањето во ЛШ кое очекувано го доби против Еурофарм Пелистер. Раул како поранешен тренер на Вардар и селекторот на Македонија, важи за фаца кај нас. Вработени од аеродромот во Охрид го застанаа за сликање и автограми.
Човекот кој дојде тивко, направи ракометна револуција во Македонија и го извади цело Скопје на плоштад на 4 јуни годинава, го доби признанието кое највеќе од сите го заслужуваше. Капа доле мајсторе.
Не знае кладилница, не знае да предвидува резултати, не знае што ќе биде со Каталонија... Ама затоа има една карактеристика која овде е дефицитарна: многу добро да го знае она што му е работа. А дома има проблеми како ќе се оди од Македонија.
Европскиот шампион остана најдобрата екипа во Лигата на шампионите откако ја забележа и осмата победа во деветтото коло. Совладан Рајн Некар со 30:26 (17-13).
Избраниците на Раул Гонзалес продолжуваат со доминација во Лигата на шампионите откако вечерва ја прославија и шестата победа на седум меча и без пораз се лидери во Групата А.
Навивачите на Вардар му скандираа „Чеде мајсторе“ на аеродром, но тој посочи со прстот накај автобусот и им кажа дека успехот не е негов, туку на играчите. Само големи луѓе го прават ова.
Откако ќе елиминираш тим со вкупни 4:1, кој има 19 титули и буџет од 150 милиони евра, а дел си од македонска лига, имаш право гол да се шеташ низ град. Капа доле момци, не само што го одбранивте резултатот, туку ги попаривте и таму. Ова е најзаслуженото славје што може да постои.
По величењето после првиот дуел во Скопје, медиумите од регионот уште еднаш го истакнаа резултатот на Вардар кој овој пат му приреди шок на Фенербахче среде Истанбул. Сензацијаtа е факт, пишува еден бугарски медиум.
Со четири автобуси и неколку автомобили најверната навивачка група на Вардар синоќа го фати патот за Турција. Поводот е огромен и ретко се пружа ваква шанса, да се патува на гостување со предност од 2:0 кои треба да се одбранат во вторите 90 минути, за да се испише историја.
Капитенот Бобан Грнчаров и останатите јунаци на Чеде Јаневски се топ тема и на сајтот на УЕФА, каде е истакнато големото изненадување кое Вардар му го приреди на Фенербахче.
Кога му го слушаш гласот мислиш дека гледаш италијанско на Телма. Но Бранко е во друг медиум и пред друг натпревар, а кога домашен клуб ќе направи ваква сензација, емоцијата е многу поголема. Премотувајте и уживајте.
Фудбалерите на македонскиот шампион ја забележаа најголемата победа во клупската историја откако во првиот меч од баражот за Лига Европа го победија скапоцениот и ѕвезден тим од Истанбул.
По сите премрежија кои се случија периодов и за Вардар и за сите негови навивачи, време е за концетрација и смиреност. Вечерва со почеток од 20:00 часот на Телеком арената гостува великанот Фенербахче кој со полн стадион, гласна поддршка и нов тренер, Вардарци ќе се обидат да го изненадат. Мора силно и без пардон, се работи за последната пречка пред историски пласман во ЛЕ.
Откако вчера објавивме слика со поставена ограда на јужната трибина и напишавме дека тоа ќе биде тампон зона меѓу турски и македонски навивачи, имаше реакции дека тоа не е точно. На пресот на Вардар објаснија и знаете што ќе биде? Тампон зона.
Тој милион евра што сакате да го заработите на 17-ти не може да ја плати таа верност. Ретко кој ќе може децата да си ги однесе на натпреварот со Фенербахче, ако сака и да ги школува од септември нели.
Наместо да го искористи моментумот околу спортската еуфорија во земјава која започна со ракометарите од нивното спортско друштво и наместо да ги уважи и почитува своите најверни, управата на Вардар повлече неколку чудни потези.
Откако покажа заби против двете скандинавски екипи, а за малку не ги елиминираше и двете, македонскиот првак за 10 дена ќе се обиде повторно да дојде до историја. Силите ќе ги одмери со Фенербахче кој важи за фаворит, но Вардарци на 17 август очекуваат полн стадион и огромна поддршка. И нема зошто да им се плашат, 19 кратниот првак на Турција не е Реал Мадрид. Напред момци.
По три години пауза, Милан е на чекор до кам бек во Европа, а последната пречка која се вика Шкендија од Македонија според реномираната Газета дело Спорт е најлесниот противник кој можел да му се падне на седумкратниот европски првак.
Фудбалската треска во Македонија ова лето ќе продолжи во голем стил. По финалето меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид на 8 август, на арената Филип Втори ќе се истопорат уште два гиганти. Во плејофот од ЛЕ, Шкендија го пречекува великанот Милан, а Вардар го доби Фенербахче.
Само уште 15 минути Вардар требаше да издржи и да загуби 2:1 за да испише историја за македонскиот фудбал, но и по поразот од Копенхаген (4:1) има можност за такво нешто. Само проблемот е што ќе треба да елиминира голем клуб.
Во ситуација кога работат дигитроните и се пресметува колку ќе се наполни касата на Вардар по успешниот скок во 3. квалификациско коло од Лигата на шампионите, малкумина размислуваат за евентуалните казни поради сериозните пропусти во организацијата на мечот во Струмица.
Вардар има тренер на кого судиите не му се криви, ниту противникот зло, ниту медиумите противници. Професионалец кој нема гард на недопирлив. Одмерен во сè. Шпанецот е пример за неговиот еснаф.