Комитите заминаа во Истанбул за да им се оствари сонот која се вика групна фаза во Лига Европа, што би било врвен успех до сега недостижен за еден македонски клуб. Вардар вечерва во 19:30 ќе гостува на Улкер стадионот кој има капацитет од околу 50.000 седишта.
Покрај познатото френетичното навивање на турските навивачи, ќе се слушнат и околу 300 грла, поддржувачи на Вардар кои на првиот дуел во Скопје не застанаа со пеење 90 минути.
Синоќешната атмосфера пред тргнување беше типично црвена и баклена во нивни стил.
Атмосферата се билда и на Фејсбук