Се води како тренер на Вардар само 10 дена кои ќе ги памети доживотно, бидејќи ем се афирмираше како нивен играч (1982-1989), ем го крена на нозе цело Скопје со испишување нова историја за македонскиот фудбал.
Чеде Јаневски беше назначен за тренер на Вардар два дена пред првиот дуел во плејофот за ЛЕ, откако Гоце Седлоски си поднесе оставка. Успехот не си го препишува како свој, туку на играчите.
А тоа го изјави и пред турскиот медиуми.
„Јас играв во Вардар 20 години. Потоа отидов во Белгија и таму работев 27 години. Го следев секој натпревар на Вардар. Ова не е мое постигнување. Ова е успех на играчите и на претходните тренери. Јас не можам да направам ништо за 10 дена“.