Фенербахче успеа да го победи Феенорд на гостински терен и да го потврди првото место во групата. Понатаму за сега одат и АПОЕЛ, Олимпијакос, Сент Етјен, Андерлехт, Зенит, Астра, АЗ Алкмар, Билбао и Генк.
Во последниот натпревар пред долгата зимска пауза, ракометарите на Вардар вечерва во 9. коло од ЛШ загубија од актуелниот европски првак Кјелце со 27-24.
По триумфот на тешкиот гостински терен во Манхајм од шест гола разлика, ракометарите на Вардар немаа сили за уште една победа и потклекнаа пред своја публика на реванш дуелот со Рајн Некар.
И со нов тренер продолжуваат очајните резултати на Интер кој по 0:2 во Израел дозволи целосен пресврт да му направи Хапоел Бер Шева со гол во 93-та минута. Во судиското продолжение златни три бода освои и Паок во Фиренца, а со ЛЕ се збогуваше и Ница. Шалке и Шахтјор се најубедливи со 5 од 5.
По убедливиот триумф над европскиот шампион минатиот викенд, Вардар и вечерва демонстрираше страшна форма и го прегази германскиот шампион Некар Левен со 27:33 (16-17).
Ни отказот на Франк Де Бур не ги размрда Нераѕурите кои вечерва го претрпеа петтиот пораз на последните осум средби. Виљареал неочекувано потклекна дома и загуби од турскиот Османлиспор, а Грците не знаат за победа.
На првото овосезонско гостување во Лигата на шампионите, ракометарките на Вардар со 31-26 (13-14) го победија рускиот шампион Астраханочка и веќе се на прагот од пласман во следната фаза од елитната ЛШ.
Ракометарите на Металург го доживеаа третиот пораз во петтото коло од елитната Лига на шампиони. Вечерва во Франција Монпеље беше подобар за десет гола 28:18 (13:12)
Откако го совладаа Загреб во дуел од СЕХА лигата, Вардарци вечерва загубија на гости од хрватскиот шампион 28:27 (12-17), во петтото коло од европската Лига на шампиони.
Буџетот на рускиот Зенит е 165 милиони, а на ирскиот Дандалк 1 милион, но тоа не му сметаше на анонимниот клуб од Ирска да се пласира во Лигата на Европа, да му пркоси на Зенит и таму веќе после три кола да освои четири бода со домашни играчи.
Сасуоло помина најголем дел од историјата во аматерските лиги, но по драматичното кревање сега победуваат некои од најпрестижните европски клубови и го радуваат малиот град.
Ракометарите на Вардар ја забележаа и четвртата победа во исто толку кола во Лигата на шампионите, откако вечерва потешко од очекувањата ја совлада 30:27.
Ракометарите на Металург одиграа феноменален меч со тотално драматична завршница во која херој беше Дарко Арсиќ со 16 одбрани. Во последните секунди фати чиста топка во игра еден на еден, клучна за голема победа против Ла Риоха во ЛШ.
Црвено-црните ја запишаа и втората победа во групната фаза од ЛШ. Имаа проблеми во првиот дел против Мешков, но во второто полувреме заиграа победнички, славеа 31:27 и во добра атмосфера ќе патуваат во Целје.
Скоро никој да не памети кога капитенот на Манчестер и на Англија бил во послаба форма во кариерата. На Руни не му оди ама баш ништо. Грешно подава, центрира на трета статива без осет а нема волја ниту да ги брка противничките фудбалери. Поради тоа Златан покажа нервоза на мечот од ЛЕ против Зорја.
Додека медиумите во Лига Европа пишуваа за петардите на Зенит, Фиорентина и Краснодар, вториот пораз на Интер и едвај издвојуваната победа на Јунајтед, во Ирска се испишуваше фудбалска историја, каде како што велат насловите играчите се искачиле над месечината.
Со големи мотиви и желба за надигрување, ракометарите на Металург победнички ја отворија новата сезона во Лигата на шампионите. Филип Талески и голманот Дарко Арсиќ беа клучни играчи на мечот.
За разлика од мечевите кои се играа од 19 часот кои донесоа 37 голови, стрелците на средбите од 21:00 беа многу помалку расположени и постигнаа 20 голови. Гостинските екипи беа поуспешни и остварија пет победи, за разлика од домаќините кои славеа на три меча.
Макаби Тел Авив имаше 3:0 по 70 минути игра против Зенит, но Русите одиграа 15 историски минути во кои стигнаа до 3:4. Тимот на Мурињо загуби минимално од Феенорд, Рома со бод се враќа од Чешка, а Сасуоло стигна до деби победа во Европа и тоа убедлива.
Од 30 играчи во составот, Сасуоло има само четворица странци и 26 домашни играчи. Како Баскија во мало, италијанскиот клуб обезбеди историско учество групната фаза од Лига Европа.
Иако загубија 2:1 на првиот меч од плејофот за ЛЕ против Гент, фудбалерите на македонскиот вицешампион Шкендија имаат убава подлога за историски успех за седум дена во Скопје. На „Градски“ ќе имаат можност да влезат во ЛЕ.
Група навивачи на Шкендија се обидоа да се пресметаат со луѓе од управата на Краковија во ВИП ложата на Филип Втори Арената. Целата тензија ја зголемија и гостинските навивачи, околу 400 на број кои скандираа „Косово е Србија“. Балистите возвратија со Shqiperia rise (Голема Албанија). Во 60-та минута, Шкендија води со 2:0 со головите на Бесарт Ибрахими и Бразилецот Стенио Жуниор.
Романтичарите налетаа на најнезгодниот можен противник во оваа фаза, Тетовци против полска Краковија која има бројни навивачи, а Кратовци ќе одат на екскурзија во Лихтенштајн.
Веспрем и Кјелце ни донесоа инфаркт финален натпревар во Лигата на шампионите. 23 кратниот унгарски првак можеше лесно да стигне до трофејот уште во регуларните 60 минути, но Пољаците беа дрски и им го срушија сонот во второто полувреме.