Легендарниот Бразилец кој по конституција и градба личеше на сè освен на врвен голгетер и неверојатен стрелец, беше најзаслужен што просечниот клуб Вердер од Бремен стана сензационален шампион на Германија а тој прв стрелец во Бундеслига.
Колумбискиот голман важеше за еден од поексцентричните фудбалери какви што фудбалот ретко видел. Тој често излегуваше далеку од својот гол, дриблаше, започнуваше напади, ризикуваше, шутираше слободни удари. Автор е на култниот удар скорпион против Англија на „Вембли“.
За новата светска шампионка на 100 метри, Шакари Ричардсон се крие приказна составена од напуштања, обиди за самоубиство, кавги, долги нокти, срушени рекорди, малку радост и ракувања.
Голем инцидент се случи на 15. алпска етапа на Тур де Франс. Главен кривец е неодговорна бараба која сакала да се слика со велосипедистите и да земе некој сувенир од нив среде трка, на 50-от километар од патеката. Прв настрадал Американецот Сек Кус после што следувала ланчана реакција и лом.
Поминаа 25 години од тој ноември 1991-ва или поточно 7 ноември, денот кога се случи најпознатата прес конференција во спортската историја. Во таа прилика славниот Меџик го шокираше светот, а луѓето потоа се плашеа да се поздрават со него.
Манчестер Сити минатиот викенд го доживеа првиот пораз во Премиер лигата под водство на Пеп Гвардиола, а тој за казна им забрани да користат интернет. Тоа не е ништо кога ќе ги видите што забрануваа други тренери.
Во 2000-та во Сиднеј како незрело момче го освојува златото за Америка во пливање. Набрзо паѓа во тешка депресија и три пати „се ракува“ со смртта поради предозирање со дрога, алкохол и апчиња за смиурвање. 16 години подоцна се качи на подиумот како најстар освојувач на злато.
Фотографиите со ќелавкото и проститутките брзо се раширија по интернетот бидејќи наводно на нив е бразилскиот судија Хебер Лопез кој изгледа дека џабе го оцрнија.
29 мај 1991-ва на стадионот Св. Никола ви го пренесовме преку четири дела во кои навивачкото доживување го раскажа Зоран Тимиќ, еден од водачите на Делии. На крајот се потсетува како биле подолени во група, кој патувал како господин со авион и е горд на спектаклот кој ниту една друга навивачка група го нема направено во финале.
Во овој дел ќе читате за историскиот момент со многу емоции додека Дарко Панчев се местел да шутира пенал. „Црвена звезда је шампион Европе! Црвена звезда је победник Купа Европских Шампиона“ Потоа следуваат и пикантерии од враќањето за Белград.
Младиот Пољак Зјелински кој игра за Емполи се соочи со најглупавото паузирање на натпревар во Серија а, за кое и самиот не е виновен, а на Марио Балотели изгледа дека не му стигаат ниту две фудбалски кариери за да се опамети.
Минатата сезона Лондонците играа во Лига Европа благодарение на фер-плеј рејтингот на УЕФА, иако во првенството завршија 12-ти. Сега се борат за место во Лигата на шампионите.
Некогаш најголемата надеж на англискиот фудбал и 12 пати репрезентативец на Англија, Адам Џонсон (28) денес ја слушнал пресудата за педофилија и следните шест години ќе ги мине во затвор.
„Порно Одмазда: фудбал, секс и пари“ е книгата која требаше да излезе денеска во Франција, но славниот камерунски напаѓач кој е опишан како безмилосен успеа да ја спречи дистрибуцијата.
„Шест месеци живеев во домот на Франческо Тоти, а потоа две години не разговаравме", открива Касано за шпански АС и додава анегдоти поврзани со Дејвид Бекам во Реал Мадрид.