„Не знаете која сум јас“ - осаменоста на најбрзата жена во светот

За новата светска шампионка на 100 метри, Шакари Ричардсон се крие приказна составена од напуштања, обиди за самоубиство, кавги, долги нокти, срушени рекорди, малку радост и ракувања.

Шакари Ричардсон стана петта најбрза жена на сите времиња, израмнувајќи го рекордот од 10.65 на Шерика Џексон и Мерион Џонс.

Стратосферско време, недалеку од светскиот рекорд на Фло Џо, сега стар повеќе од 30 години.

Слични времиња беа видени и кај Јамајканките Томпсон Хера и Фрејзер Прајс во Токио 2020.

КОЈА Е ШАКАРИ?

„Не знаете која сум јас“ е всушност резимето на ова финале на Американката скриена на патеката број 9, далеку од најдобрите, после повеќе од пристојното полуфинале во однос на тајмингот и уништена од бавниот старт.

Сепак токму од таму таа го изгради своето ремек дело и од таму го освои својот прв индивидуален меѓународен медал, со бројни заостанати скандали низ годините.

И кој знае дали таа толку надворешна патека, далеку од центарот, не и помогна некако да ги израмни нејзините карактерни рабови и да ја замолчи таа желба да се соочи со светот што се чини дека го условуваше нејзиното постоење.

Да ја остави во наједноставната задача досега: гледај ја патеката и трчај најбрзо што можеш.

ИЗГЛЕД СЕКОГАШ ПОРАЗЛИЧЕН ОД ДРУГИТЕ

„Не знаете која сум јас“, често, на свој начин, го кажуваше во прво лице. Дури и пред да стане спринтер од светска класа, а кога стануваше таква ја научи цената на креативноста, цената на желбата да се биде различен по секоја цена.

Шакари од Тексас, се прослави пред да биде навистина релевантна, а во спортот на социјалните медиуми и личното брендирање, постои разлика меѓу славата и релевантноста.

Но се помалку луѓе може да ја сфатат. Тоа го направи главно со нејзинот изглед. Екстравагантна со долги нокти и фосфоресцентна коса во стилот на 80-те.

Таа сама кажа зошто. Нејзиниот изглед никогаш не бил егзибиционизам, туку желба да биде препознатлива на патеките. Да биде запаметена.

НАПУШТАЊЕ И ОБИД ЗА САМОУБИСТВО

„Не знаете која сум јас“: кога била помлада, во средно, Шакари се обидела да се самоубиме, бидејќи била задушена во чувство на осаменост.

Како и стотици други млади кои доживеале слична или полоша судбина, ова спортско чудо и покрај тоа што живее среде преполн кампус, отсекогаш се чувствувала осамена и напуштена.

Мајка и ја оставила кога била многу млада и била целосно незаинтересирана за нејзиниот раст. Тоа што Шакари не скокала од едно згрижувачко семејство во друго, и го должи на нејзината баба Бети Хард, која секогаш е покрај неа, и денес. Потоа и на тетка и Шајарија Ричардстон, жената која при обидот да се самоубие, успеала да ја спаси.

„Ќе ме оставиш и ти“, ова се зборовите што се сеќава дека и ги кажала на тетка и кога се освестила и секогаш имала чувство дека кога тогаш на крајот ќе биде повторно напуштена.

КАВГАТА ВО АВИОН

„Не знаете која сум јас“ е исто така и она што Ричардсон налутено им викаше на патниците во авион, од кој беше исфрлена на почетокот на ова година после расправија со стјуардеса.

Кога се обидела да телефонира, стјуардесата ја замолила да прекине и да го стави телефонот на авионски режим. Таа тоа го сторила изнервирана.

Потоа почнала да снима видео и да ја снима стјуардесата, а патниците почнале да се жалат на доцнењето на летот.

Изнервиран од детските потези, главниот стјуард решил да ја отсрани од летот, а таа додека излегувала мавтала со телефонот: 

„Ќе видите се на социјалните мрежи. Не знаете која сум јас“.

НАДВОР ОД ИГРА ПОРАДИ ЏОИНТ

За смртта на нејзината мајка дознала кога добила директно новинарско прашање. Печатот бил толку заинтересиран за оваа, тогаш 20 годишна девојка, што знаеле повеќе за нејзиниот приватен живот, отколку таа самата.

Беше почеток на летото 2021-ва и младото чудо од државниот универзитет во Луизијана, откако ги сруши сите рекорди на колегите, сонуваше да оди на својата прва Олимпијада.

Победила на 100 метри со време од 10.86 за потоа неколку дена да се покаже дека е позитивна на антидопинг тест.

Се работело за поголема концентрација на канабис, повеќе од дозволеното во Америка, со цел да ја ублажи вознемиреноста и стресот што ја обземале меѓу смртта на мајка ѝ и настапот на Олимписките игри во Токио.

Тоа беше голем скандал, дури и претседателот Џо Бајден посочил дека е дојдено време да се разгледа позицијата на канабисот на црната листа на забранети супстанци.

Ричардсон остана без Токио, потоа се обиде да се врати на крајот од сезоната и во 2022-ра речиси исчезна од радарот.

ОСАМЕНОСТ ПО ТРИУМФОТ И НЕКОЛКУ СРАМЕЖЛИВИ РАКУВАЊА

Тренер на Шакари и е Денис Мичен, поранешен спринтер, кому му беше забрането да се натпреварува две години во 1998-ма, бидејќи беше откриено дека има прекумерно ниво на тестостерон.

Секогаш се изјаснувал како невин и се бранел дека вечерта испил пет шишиња пиво и имал секс со сопругата четири пати. На госпоѓата и било роденден.

Блескавост што често пати се одразуваше и кај Ричардсон, кога после победата во Будимпешта не пропушти да ја посвети на бројните хејтери на социјалните мрежи.

Но можеби она што најмногу ја погоди после триумфот е ладнокрвноста со кое успехот го доживеаја нејзините противници. Никој не ја прегрна, само неколку срамежливи ракувања, врамени од нејзиниот збунет, недоверлив и речиси засрамен поглед.

Поглед на оние кои се премногу навикнати да бидат на погрешната страна и не знаат какво е чувството да се биде среќен.

Никој навистина не знае која е Шакари Ричардсон и се надеваме дека во текот на долгата кариера пред неа, таа ќе биде првата што ќе дозкае и ако сака ќе им каже на другите, со или без оној имиџ, за да ја препознаеме.

Шакари Ричардсон стана најбрза жена на планетата

23 август 2023 - 15:29