Во финалната трка во Будимпешта, Ричардсон беше побрза од спринтерките од Јамајка, Шели-Ен Фрејзер-Прајс и Шерика Џексон и се закити со златниот медал.
Клучната разлика ја направи во последните 40-тина метри кога ги остави зад себе Јамајканките кои стартуваа моќно.
Американката во тие моменти забрза силно и жестоко и трката ја заврши со време од 10.65.
Тоа е нејзин личен рекорд и најдобро време на светските првенства, подобар за шест стотинки од досегашниот.
Американките водат со 9 титули на 100 метри на Светските првенства. Јамајка има шест.
Шакари Ричардсон ја сметаат за наследничка на Флоренс Грифит Џојнер.
Sha’Carri Richardson wins the Women's 100M final pic.twitter.com/BuYAu3EwCP
— CJ Fogler account may or may not be notable (@cjzero) August 21, 2023