Многу до сега е напишано за Бари. Нешто е вистина, а нешто не. Имаше многу приказни за некои големи нереди. Тоа се претерувања, а еден од доказите е црната хроника каде немаа што да напишат. Пет дена пред мечот во Бари дојдоа Црвко, Станиша, Челси и Зоња со двајца добри другари на Аркан кои се претставуваа како навивачи на Звезда (Цопе и Вело). Требаше да спремат продажба на реквизити. Во недела вечер од Бари тргна екипа од 40 луѓе со брод. Таму беа Боби Црногорац, Били, Гемо, Јоцо, Срле, Несташко, Алекс, Регица (оној без заб што зборува по емисии за навивачи).
Беа и Делии Плажа. Од нив се сеќавам на Миче (тој со долга коса кој и денес доаѓа на север), Немања (овој со марама на главата кој исто така зборува по емисии). Имаше и добра екипа од Нов Белград (Крле, Жорж, Кале, Илке, Бора...). Беше и лудиот Луди Јеча кој неколку дена претходно излезе од затвор, бидејќи во Минхен со скршена чаша се обиде да заколи таксист пред аеродром на мечот Баерн – Звезда. Беше и Деки манекен и уште многу други. Третата група беше со автобус кој ги донесе сите реквизити. Во автобус беа сите ултраси благодарение на кои немаше југословенски знамиња на трибини. Цело време одеа по трибини и тепаа кога требаше. Имаше и луѓе од други градови како Индијанци Петровград.
Четвртата група беше главна, односно првата група која буквално ништо не направи. Нивниот авион последен слета во Бари, а прв полета. Можеби беа 5 и пол часа во Италија. Тоа им го среди управата на клубот за да не прават инциденти. Мислам дека со тимот на авионот дојдоа 120 души. Инцидентите беа смешни, а најсмешно е што нашите претепаа намрштени ликови за кои мислеа дека се Французи, а уствари беа ултраси на Бари.
Атмосферата не беше најсјајна, но не беше ни лоша. Беше тешко да се организира навивањето, бидејќи имаше луѓе за кои тоа беше спектакл како Формула 1 или некој концерт. Многумина немаа никакво навивачко искуство. Повеќето од навивачите кои дојдоа и кои цела година ја пратеа Звезда, тешко беше да ги натераш да навиваат, бидејќи нивните очи беа вперени на теренот, а тоа си го правеше важноста на мечот. Затоа се донесе одлука да се навива само една песна, за оние барем 250 вистински навивачи да го покажат својот фанатизам. Во секој случај се навиваше од почетокот на второто полувреме па се до крај. Ќе признаете, не е малку и не е за потценување.
Редовно ги пратев сите финалиња од Европските купови и само романистите беа подобри од нас против Ливерпул, но играа на домашен терен. Сите други беа зад нас според впечатокот кој го оставивме. Бевме добри и визуелно со знамиња, ролни хратија. До тогаш никој немаше запалено толку бакљи на некое европско финале. Планот беше да запалиме 400 бакљи и тоа да биде светски рекорд (до тогаш лацијалите запалија 360 комада на Олимпико). Ги имавме во автобус, но на Зоња упорно и одговараше таа варијатна и се плашеше УЕФА да не го казни клубот или можеби тоа ќе беше скандал и мечот немаше да се одигра (познавајќи го нашиот дивјачки менталитет). Го прашувавме него бидејќи беше еден од најблиските советници на Аркан во врска со север. Затоа многу бакљи останаа и добар дел од нив беа запалени против Хајдук во Белград.
Кога размислувам од оваа дистанца, не знам ни како ќе успеевме да ги внесеме сите, затоа што многумина бегаа од нив како ѓавол од крст. Се плашеа да не ги фатат на врата и да не ги пуштат на најзначајниот натпревар во животот.
За крај и бонус. Атмосфера од ферибродот Бар - Бари.