Ервин Џонсон е име кое на некој можеби не би му звучело толку познато, но ако речеме Меџик, на сите им е јасно за кого се работи, па дури и на некој што во живот не изгледал ниту еден кошаркарски натпревар. Зборуваме за еден од луѓето кој е икона во кошарката.
Беше икона на Лос Анџелес Лејкерс во 80-те и една од најголемите ѕвезди во светската кошарка. Заедно со Лери Бирд ја држеа на нозе НБА лигата која имаше кризни моменти, внесоа ентузијазам кај публиката и ја проширија нејзината слава надвор од границите на САД.
Но Бирд имаше проблеми со повреди и мораше да се пензионира, а на сцена се појави Мајкл Џордан кој во 1991 година го освои првиот прстен, време кога уште не беше толку прославен.
Лејкерски беше омилениот тим во Америка и фаворит во Западната конференција кој беше во потрага по нова титула. Тогаш 30 годишниот Меџик беше лицето и душата на тимот и внатре и надвор од терен. Во брак беше со убавата Куки.
Го сметаа за крал на Лос Анџелес и попопуларен од најпопуларните актери и пејачи. Неговата заразна насмевка ги отвораше сите врати и беше омилен и меѓу обичниот народ. Меџик беше првиот кошаркар кои ги спои кошарката и забавата и тој самиот беше човек кој сакаше да се забавува.
Не сакаше ниту дрога, ниту алкохол, но беше по други работи особено пред бракот, а тоа се убавите жени кои му беа опсесија.
„Се забавувам и многу играм. Ја сум младо и друштвено момче, здравјето ме држи и го користам моментот за да уживам“ велеше во тоа време.
Доаѓаше стартот на 90-те, а до тогаш луѓето се забавуваа без некои големи грижи. Но се појави нешто за кое имаше причини за загриженост, но ретко се зборуваше за тоа. Тоа е вирусот наречен СИДА.
Првите случаи на СИДА се појавиле во 1981 година и долго време се мислело дека тоа е болест која ги погодува само хомосексуалците и зависниците од дрога. Никој не беше сигурен како може некој да се инфицира, туку се знаело само дека го убива имунолошкиот систем. Кога некој ќе кажел СИДА, тоа звучело застрашувачки, а верувањата биле дека не може секој да ја фати, особено не некој славен спортист.
Пред стартот од сезоната во 1991 година, Лос Анџелес Лејкерс заминал на турнеја, а со себе го носел и генот на катастрофата. На 25 октомври пред еден натпревар во Солт Лејк Сити, Меџик му рекол на тренерот Гери Вити дека се чувствува малку уморен и дека сака да ги скокне последните две средби во претсезоната. Но кога играле Лејкерси, сите сакале да го гледаат него и за навивачите би било разочарување ако не се појави на паркет.
Генералниот менаџер на клубот го убедил да настапи, но на само неколку часа пред да почне мечот заѕвонил телефонот во неговата соба, а тоа бил доктор Мелман, лекарот на клубот кој бил и него личен лекар кој му рекол: Мора веднаш да се вратиш дома.
Колегите од клубот мислеле дека Меџик сакал само да се одмори и да го искористи неговиот статус на ветеран и тој се вратил дома прилично смирен и убеден дека тоа што ќе му го каже докторот нема да биде ништо сериозно. Можеби дури и не се сеќава дека неколку недели претходно беше на темелно испитување за полиса за осигурување која Лејкерски сакаше да му ја овозможи.
Меџик пристигнал кај доктор Мелман, а овој му рекол дека е заразен од вирусот ХИВ.
„Останав здрвен како да не слушнав ништо. Седев два часа во неговата канцеларија и не можев да поверувам дека целиот мој живот се промени во тој момент, а исто и дека ризикувам да умрам“, раскажува легендарниот кошаркар.
Во тоа време, поради недостатокот на информации за болеста и поради малкуте истражувања се мислело дека од ХИВ веднаш се умира. Било само прашање на време кога ХИВ ќе се претвори во вирусот СИДА и ќе го означи крајот, бидејќи тогаш немало вакцини и лекови универзално признаени како ефикасни.
Ова беа мислите во умот на Меџик на пат кон дома каде требал да ја извести сопругата. Само неколку дена претходно семејството Џонсон откриле дека чекаат дете и откако излегле малку од шокот заедно се вратиле кај доктор Мелман на нови испитувања.
Во меѓувреме неговото отсуство од терен било оправдано со информација дека има грип и по 10 бескрајни денови стигнале новите резултати. Тие од крвта на Меџик го потврдиле присуството на вирусот, а оние на Куки биле негативни, што значи дека и детето е на сигурно.
Едно големо гајле помалку за Меџик кој не сакал да ги уништи и животите на неговите најблиски членови од семејството. Проблемот беше само кај него и без разлика колку е тој тежок тој прво мораше да најде начин како да се носи со него, а потоа и да реши како ќе му го соопшти на светот.
Тоа не можеше да се држи во тајност бидејќи поради терапиите не смееше да има физички активности. И не само тоа. Џонсон сфати и почувствува дека мора да ги информира другите дека тоа што му се случи на него, може да му се случи и на друг.
Откако им соопшти на своите роднини и пријатели, им кажа и на поблиските колеги меѓу кои Џордан и Бирд и потоа побара Лејкерси да свика прес конференција која се одржа на 7 ноември на форум во Инглвуд.
"За почеток, добар ден. Поради вирусот ХИВ со кој морав да се соочам, денеска се повлекувам од Лејкерси. Прво сакам да појаснам дека не сум болен од СИДА, туку од ХИВ. Би сакал да кажам дека ќе ми недостасува кошарката, но сега ќе станам заштитно лице во борбата против ХИВ вирусот бидејќи сакам луѓето и младите да сфатат дека може да имаат безбеден секс. Понекогаш сме наивни и мислиме дека овие работи им се случуваат само на другите. Продолжувам напред, ќе го победам вирусот и ќе продолжам да се забавувам. Ви благодарам и се гледаме наскоро“.
Овие фрази искажани во присуство на комесарот на НБА лигата, Дејвид Штерн беа во фокусот на неговиот говор. Во тие бавни и мачни 10 минути Меџик го скрши ѕидот на тишината и зборовите ХИВ и СИДА престанаа да бидат нешто ограничено само кај геј луѓето. Од тогаш често се слушаа и на тв и влегоа во животот на сите луѓе.
Степенот на тоа негово соопштување беше шокантен. Веста се прошири во цел свет со брзина на светлината. Сите слушнаа дека веста за големиот спортист кој е болен од ХИВ го прави светот помалку безбеден. Неговите колеги почнаа во интервјуата да зборуваат на таа тема, а Меџик го сметаа “мртов човек во одење“. На теренот на Њујорк Никс, тренерот Пет Рајли кој инаку е голем пријател на Џонсон, од публиката дури побара и едно минутно молчење како да умрел некој.
Но Меџик немаше намера да умре. Се плашеше многу, но тој не беше таков карактер кој лесно се предава. За да разбере со што треба да се соочи, заминал на разговор кај Елизабет Глејзер, сопруга на актерот кој го глумеше Хач во славната серија “Starsky & Hutch”.
Таа умираше од СИДА и му објасни во детали со што мораше да се соочи. Елизабет бараше од него тој да стане заштитно лице во борбата со ХИВ, бидејќи само лик со толку голема слава можеше да влијае во јавното мислење, како и да помогне институциите да се вклучат во образованието на луѓето и барањето на лек.
Приказната за семејството Глејзер го инспирираше и после кратко време Меџик замина во Белата Куќа како претставник на Претседателската комисија за СИДА, за да зборува со Претседателот Џорџ Буш околу плановите на администрацијата за борба против болеста.
Но Меџик брзо сфати дека политиката е потешко поле за борба отколку кошаркарскиот паркет и после кусо време поднесе оставка во Комисијата и го обвини Буш дека не прави доволно за борба против овој проблем. Неговата борба продолжи, а особено емотивна беше средбата со неколку деца болни од СИДА.
Промовирањето на истражувачките активности и терапии за кои се бореше му донесоа многу работа и во тој период се чувствуваше осамено. Општото непознавање за неговата болест отидоа до таму што луѓето се плашеа да се ракуваат со него да не се заразат.
Неговите соиграчи не сакаа да тренираат со него, а неговите поранешни колеги бараа оправдувања за тоа што не сакале да се сретнат со него. Но не реагираа сите така. Пет Рајли го повика во Њујорк и тренираше со него за да му докаже на светот дека нема зошто некој да се плаши.
Меџик Џонсон беше дел од Ол Стар игрите во 1992 година, а тоа беше голем спортски празник на кој титулата МВП отиде токму во неговите раце. Тоа беше можност за Ервин да се врати и да го прави она што најмногу го сакаше.
Потоа го освои и златото на Олимписките игри во Барселона каде беше дел од дрим тимот на САД. Следуваше негово назначување за тренер на Лејкерси со кои имаше скромни резултати, а во текот на сезоната 1995/1996 направи и кам бек на терен и покрај тоа што беше видно здебелен.
Но ниту еден од овие мечеви не ги поразија предрасудите на многу негови колеги. Многу играчи се противеа на неговото враќање меѓу кои Карл Мелоун, Ајзеа Томас, како и неговите соиграчи Бајрон Скот и Ејси Грин. После сите озборувања зад грб и по елиминацијата на Лејкерси во полуфиналната конференција во 1996 година, тој реши да и стави крај на кариерата на 37 години.
Откако неговите битки во кошарката завршија, продолжи да се бори за неговото здравјето, а формираше и фондација која спроведуваше кампањи за подигнување на свеста. Поради неговиот углед и почит, тие имаат голем ефект.
И денеска, освен што стана претприемач, акционер во Лејкерси и сопственик на бејзбол тимот Лос Анџелес Додгер, тој е еден од најпознатите имиња во борбата против ХИВ вирусот. Сè започна на таа прес конференција на 7 ноември 1991 година која можеше да биде крај на сè, но беше само нов почеток.
Натпреварот против СИДА-та сè уште се игра, а со Меџик светот на терен има играч кој ја направи и сè уште ја прави разликата на патот до победата.