Тргнал цреп да прави селфи среде Тур де Франс

Голем инцидент се случи на 15. алпска етапа на Тур де Франс. Главен кривец е неодговорна бараба која сакала да се слика со велосипедистите и да земе некој сувенир од нив среде трка, на 50-от километар од патеката. Прв настрадал Американецот Сек Кус после што следувала ланчана реакција и лом.

 

На етапата триумфираше Холанѓанецот Вут Поелс кој по извозени 179 километри го освои врвот Сан Жерва а Јонас Вингегард ја чува лидерската маичка.

17 јули 2023 - 13:59