ТРАНСМЕТ со 11 гола во мрежата на НЛБ Банка стигна до победа, а бодови во вториот ден од првото коло во Бизнис лигата освоија и екипите на МЕПСО и Адмирал.
Те бара славниот Ливерпул чијшто тренер ти кажува дека те сака во тимот затоа што си гол машина, а ти одбиваш и решаваш за многу пари да играш во Кина каде фудбалот уште не бил како денес. Ни приближно како денес и дресовите си ги переш сам дома.
Луиџи Дел Нери седнува на клупата на Удинезе и веќе во следното коло ќе се соочи во Јувентус кој го водеше пред пет сезони. Сезоната 2010/2011 беше за заборав бидејќи клубот заврши на седмо место и не избори пласман во Европа.
Ако не го следите француското првенство, ќе ве изненади изгледот на табелата: После осум кола лидер не е ПСЖ, ниту Монако ниту Лион, туку Ница која што неодамна ја купи една група американско-кинески инвеститори. Лидери се благодарение на Балотели.
Од 20 до 24 години даде 24 гола, а од 30 до 34 постигна 144 гола. Епа како Гвардиола да не каже дека е еден од најдобрите играчи. Златан Ибрахимовиќ има освоено 11 првенствени титули со четири различни екипи и има постигнато вкупно 459 гола во кариерата.
Штом треба да те бараат на Гугл за да видат воопшто кој си, тоа е знак дека не си за во Премиер лига. Тоа му се случи на италијанскиот стратег со 30 години стаж како тренер, но без ќорав трофеј.
Сторијата околу празниот и мал стадион на Монако нè натера да прочепкаме кои се најголемите стадиони во секоја европска земја. Има стадиони со капацитет од 10.000 гледачи но има и храмови на фудбалот кои примаат над 70.000 гледачи.
Селта сензационално водеше со 3:0 против Барселона после 33. минути игра. Ретко кој ја понижил Барса така за кратко време. Но Каталонците во еден момент се вратија на 3:2 и сите мислеа дека ќе следува пресврт. Таман кога нападнаа за израмнување, германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген направи неверојатна глупост и мечот тука заврши.
Црвено-црните ја запишаа и втората победа во групната фаза од ЛШ. Имаа проблеми во првиот дел против Мешков, но во второто полувреме заиграа победнички, славеа 31:27 и во добра атмосфера ќе патуваат во Целје.
Данецот беше дел од еден од најмладите состави на Арсенал. Немаше од кого да земе пример и со егоистичниот начин на живот ги тераше соиграчите, тренерите и газдите на клубовите да му ја покажуваат вратата. И со промашените шанси за гол секако.
Скоро никој да не памети кога капитенот на Манчестер и на Англија бил во послаба форма во кариерата. На Руни не му оди ама баш ништо. Грешно подава, центрира на трета статива без осет а нема волја ниту да ги брка противничките фудбалери. Поради тоа Златан покажа нервоза на мечот од ЛЕ против Зорја.
Холанѓанецот има одлични тактички замисли. Тоа го докажа веќе со младиот тим на Ајакс. На „Меаца“ има проблем со адаптацијата и суетите на големите ѕвезди, но фудбалскиот јазик е универзален, па така Де Бур на пример го извади најскапиот фудбалер на тимот во 27. минута зашто не го слушал.
Димензиите на едно фудбалско игралиште каде се игра 11 на 11 обично е 105 должина на 68 ширина, но урбаните дизајнери во Талјанд не се воделе по овие параметри, туку според тоа како налага просторот.
Човекот кој се ожени со девојка му од детството, со која се бакнувале во складиштето во малиот град Скална стана најдобриот фудбалер на Европа и даде дебитантски гол на Еврото 96-та. Бескомпромисен борец за кого Умберто Ањели стражарел во дворот за да не му го украдат назад во Рим.
Колку и да се жалиме, Баерн ме заеба за 5.000, мене Барса на полувреме за 10.000 денари, што да каже ликов кој во вторникот ги здрвил 7 од 8 во Лига на шампиони и тоа полувреме/крај. Оди па фати ги.
Додека медиумите во Лига Европа пишуваа за петардите на Зенит, Фиорентина и Краснодар, вториот пораз на Интер и едвај издвојуваната победа на Јунајтед, во Ирска се испишуваше фудбалска историја, каде како што велат насловите играчите се искачиле над месечината.
Завчера на Франческо Тоти роденден му честитаа од Папата и Лионел Меси, до претседателите на Кина и Куба. Утрово капитенот на Рома му честиташе роденден на човекот без кого италијанскиот фудбал сигурно немаше да биде ист низ историјата. Ил Президенте наполни 80 години.
Инѕаги помладиот беше далеку од тоа што беше Пипо или искрено беше дрво во напад. Денешниот датум ни извади еден ретро хајлајтс од пред точно 17 години од шампионскиот Лацио. Противник во ЛШ им е Марибор кој го ташлаат 4:0. Инѕаги успеа да се сопне сам од себе со топка на метро од гол и да влезе со неа внатре, а на 0:0 место да ја забие во мрежа, од 5-6 метри ја искрши пречката.
Кошаркарскиот клуб Работнички годинава прославува убав јубилеј, 70 години од своето постоење. За таа прилика на пријателски меч во Скопје доаѓа турскиот гигант од светски рамки Фенербахче а дуелот ќе се игра на 30. септември од 19 часот во ВИП Арената на СЦ Борис Трајковски.
Пред две недели англискиот шампион ја оствари „прво па машко“ победата, а синоќа освои нови три бода против Порто во дебитантскиот настап во ЛШ. На Лестер навикнавме во Премиер, но не и во Европа. Како беше околу и на стадионот?
Претседателот на фудбалската федерација на Италија, Карло Тавекио неодамна изјави дека собира истомисленици во идејата да ги скрати екипите учеснички во Серија А од 20 на 18 и е сериозен во намерата.
Со големи мотиви и желба за надигрување, ракометарите на Металург победнички ја отворија новата сезона во Лигата на шампионите. Филип Талески и голманот Дарко Арсиќ беа клучни играчи на мечот.
Меси има двајца постари браќа од кои едниот бил мајстор за готвење и шеф на кујна, а другиот како што обично бидува, „црна овца“ и најпроблематичен лик во целото семејство кој бил осудуван за нелегално поседување оружје. Има и помала сестра која му го води сајтот.
Баерн Минхен убедливо со 3:0 ја збриша Херта и стигна до 4 од 4 во Бундеслигата. Резултатот го отвори Франк Рибери во 16 минута откако ги измрда своите чувари со стар, ама добар дриблинг кој уште пали.
И покрај тоа што се постари, битно се искусни, познати, играчи со реноме. Но никој не ги донесе за време на летниот трансфер период, а немаше ништо да загуби, можеше само да добие. Се работи за слободни агенти.