Манчестер Сити и Ливерпул се толку јаки и ефикасни сезонава, што навистина ќе биде некако нефер што едниот нема да може да освои титула. На овие две екипи толку добро им оди што стигнаа до еден историски рекорд до сега невиден во 120 години прволигашки фудбал на островот.
Насловот е ваков килав од обзир за луѓето што уште не стигнале да пуштат ГоТ и после пет дена. Празници, сончеви денови, може и не сте се затвориле уште во темница за да ја изгледате трета епизода, имаме разбирање. Тоа не значи дека не следат СПОЈЛЕРИ.
Како дел од прославата на јубилејот 25 години од првите Adidas Predator легендарни копачки, Дејвид Бекам и Зинедин Зидан бираа кому да подарат таков пар копачки.
Сме се нагледале убави голови, но најмногу благодарение на режијата и камерманите кои го вршат преносот и кои знаат како да фатат добар агол во прав момент.
Секоја чест на петте титули во ЛШ, петте Златни топки, рекордните 450 голови за Реал, рекордните 121 во ЛШ и ред другите фасцинантни успеси кои ги постигна со ненормалното темпо на работа и труд, ама тоа не значи дека си го допрел Господ за муда.
Минатата сабота Баерн со 3-1 го победи Шалке во Бундеслигата. После триумфот, бекот Јозуа Кимих дошол до трибините за да му го подари дресот на едно детенце кое цел меч стоело со парола за Кимих да му го подари дресот. Ама во целата бајка се уфрла и еден дибек.
На 1 февруари - ден пред Денот на мрмотот - на Нетфликс излезе серија која само на прв поглед изгледа како верзија на истоимениот филм. Да, главниот лик поминува низ истиот ден, одново и одново. Ама целата работа е малку покомплицирана.
Некои идни толкувачи на културата сигурно ќе се обидуваат да најдат можни врски помеѓу ликовите и делата на славните музичари кои нè напуштија годинава, во потрага по „цајтгајст“-от на нашава епоха. За да им ја олесниме работата, направивме мешап од нивни стихови.
Најдобри филмови, најдобри книги, најдобри албуми и најдобри песни, добиени како просек од сите (што дошле при рака) топ 10 листи за 2016 објавени периодов.
Нов рекордер во Европа по бројот на последователни победи доаѓа од Шкотска. Тимот Ист Килбрајд остварил 27 триумфи по ред и го сруши рекордот на Ајакс од сезоната 1971/72 година.
Кога на неговиот прв клуб од детството во предградието на Париз им стигнал процент од продажбата на Канте од Каен во Лестер (250.000 евра), не знаеле што да прават со парите и свикале состанок. Што ли правеле со парите од трансферот од Лестер во Челси?
По Коби Брајант, Кевин Гарнет и Тим Данкан, уште една легенда која што ги одбележи претходните 20 години во НБА, реши да се повлече. Реј Ален замина во пензија.
На една позната навивачка мелодија, на мечот против Сити додека нивниот тим ја имаше топката навивачите на ВБА пееја: "We've got the ball", а кога противникот ќе им ја земеше пееја "We've lost the ball". Како тоа добро звучи.
Не е до песната, до претерувањето е. Евергринот на Џон Ленон ја трпи истата судбина на "Македонско девојче," кога ќе ти ја отсвират во Бугарија или Србија за да ти направат мерак, а ти таа песна не ја можеш баш заради тоа.
Во рубрикава често сме пишувале за академски плагијати, објавување чисти глупости како висока наука и, последно но не и најмалку важно, софтвер за генерирање случајни стручни статии. Ама ова е и за нас ново - научен труд напишан со опцијата „аутокомплит“.
Интелектуалното ривалство, како што пишувавме, може да биде добра работа. Но истото може и да биде причина и за спротивното - достигнување на интелектуално дно.