Кристијано Роналдо уште еднаш докажа дека кога победува му е најјако, а кога губи се однесува лузерски и после толку играње фудбал како да не може да сфати дека поразите се составен дел од фудбалот.
Никој не му ја спори кариерата за која може да сонуваат други играчи, ама кога ќе запне да провоцира тоа го прави многу ниско, безобразно и арогантно. Скроз несоодветно за светска фаца како него која стана икона општо во спортот, не само во фудбалот.
Неговото патување во Мадрид се знаеше дека нема да биде само едно обично фудбалско гостување во ЛШ, туку судир со “непријателот“, односно градски ривал во период од 9 години.
Ова се тие средби на кои тој што ќе загуби ќе слави многу, па дури и премногу, а тој што ќе загуби ќе треба да знае како вистински господин да се носи и да го признае поразот.
Роналдо дефинитивно не знае како со ова второво, ама ич и покрај тоа е исшлифуван, светски играч, семеен човек кој жали за минатото со татко му, човек кој донира и кој секогаш прифаќа селфи со навивачите со образложение дека и тој некогаш бил навивач.
Ароганцијата кај него синоќа во Мадрид беше очигледна и нескриена. Гори од желба да го елиминира Атлетико и да стигне до шеста титула во ЛШ, што е разбирливо, ама должен е тоа да го стори на терен, а не во конфронтација со навивачите и новинарите.
Навивачите (најверојатно) имале разно разни извици до него на терен кои на толку искуство требаше да знае како да ги игнорира, бидејќи се очекувани. Ама зошто побогу истиот гест и во микс зоната?
Таму новинарите се местат да земат изјави од играчите, што е стандард процедура, а ти им одиш со отворена дланка и им викаш.
„Јас имам освоено 5 титули во ЛШ, а овие нула“.
Cristiano Ronaldo in the mixed zone after the game:
— Klaus. (@fahadpriv) February 20, 2019
"I've got five Champions Leagues, you have none."pic.twitter.com/id24gK6C6i
Апла фрустрирачко надофрлување после пораз кое прво го направи на терен, а потоа и пред новинарите. Што па на нив, тие чекаа само изјава, а не сакаа да се мерат со тебе?
Што не го пишеме истиов коментар за Модриќ, Меси, Азар, Агуеро, Ракитиќ, Канте или за Шевченко, Кака, Раул, другиот Роналдо, Гигс, Сколс, Занети, Дел Пјеро...?
Епа не се однесуваат или однесувале така, а играчишта се или биле. Ако секој втор фудбалер натанкан со милиони и милиони во банка фати вака арогантно да се однесува, тогаш Мбапе нека учи од овие примери па кога ќе те види нека ти каже: Јас на 19 освоив Светско првенство, а ти кога ќе освоиш?
Купувај ти хотели и вежбај како скот, тоа е твое право, ама ако си освоил 5 пати ЛШ не значи дека светот е твој. Искористи ја раката за да честиташ победа, а не да бидеш цреп како вчера.