Манчестер Сити има 95 бода, Ливерпул 94 на едно коло до крај. Една од овие две екипи во недела на 12 мај ќе ја слави титулата. Ливерпул игра дома со Вулверхемптон и џабе ќе им биде победа, ако Сити не киксне на гостувањето против Брајтон.
Колку јако газат овие две екипи во првенство докажува нивниот заеднички збир од 189 освоени бода. Тоа е рекорд не во историјата на Премиер лигата, формирана во овој формат пред скоро три децении, туку откако постои прволигашки фудбал во Англија.
Манчестер Сити до овие бодови стигна со повеќе победи од Ливерпул односно скор од 31 победа, 2 нерешени и 4 порази, а Ливерпул пак својата доминација ја демонстрира со само еден пораз, 7 нерешени и 29 победи.
Досегашниот ваков рекорд до сега го држеа Арсенал и Лидс со освоени 185 бодови во 1971-ва година, а лани двете екипи од Манчестер освоија 181.
Вака изгледа топ 10 листата со тоа што не се вметнати трите бода на Сити од синоќешниот триумф над Лестер.
Во контекст на муабетов, навивач на Ливерпул се јавува во радио и бара титула за освоено второ место. Водителов му се скина од смеење, а овој е мртов озбилен.
„Мислам дека треба да добиеме трофеј и ако завршиме како второпласирани. Ако освоиме 97 бодови тоа ќе биде неверојатно. Сер Алекс Фергусон никогаш нема освоено толку. Сити потроши многу пари. Ние играме во полуфиналето од Лигата на шампионите, што играат тие?“
“I’m a Liverpool fan, we should get a trophy even for finishing second!” 🏆
— talkSPORT (@talkSPORT) May 6, 2019
“It doesn’t need to have a name, they should just give it to Liverpool.” 🔴
“Ferguson never got that many points.”#LFC fan tells @AndyGoldstein05 the club should get a trophy for second. pic.twitter.com/3Jmk17gmAv