Три минути разочарана екипа на ГоТ

Овде нема спојлери, ама... Многу е симптоматично.

Чекаме последна епизода, веќе зборевме за трета и зошто се претера со мрчење, и за петта, каде што интернетот најверојатно беше во право што во еден глас урлаше „вратете ни го потрошеното време”.

После видеово - да не знаеш што да мислиш. Дали намерно им рекле вака да реагираат, што е крајно нелогично, пуста надеж и ненормално со оглед на тоа што овие реакции би ги искористиле сите што веќе се лути; или поверојатното: обврзани се со договор да речат „најбоља сезона до сега” и „Дејвид Бениоф и Д.Б. Вајс се најбољи сценаристи и немате поима што ве чека...” ама... немаат договор за фацата што ќе ја направат за време на интервју.

14 мај 2019 - 11:29