Што ќе прават сега тие што си ги крстија ќерките Калиси?

Едно незгодно.

Пазете, спојлери за претпоследната епизода.

Неделава е незгодна за родителите што најдоа инспирација во „Игра на тронови” за имињата на нивните деца, поточно, тие што решија да ги наречат Денерис или Калиси - затоа што малку им се смрачи омилениот лик.

И двете имиња се покажаа како многу популарни и се во топ 1000 женски имиња - во 2018-та, само во Америка се појавиле 560 Калиси. Со тоа што, детето да ти носи име на волшебна принцеза е различно од тоа да носи име на масовен убиец со психички проблеми.

На Хафингтон Пост толку им е жал за збунетите родители што меѓу Арја (исто многу популарно) и Калиси се одлучија за второто што излегуваат со утешителна статија. Новинарот Мајк Рамптон, за кој сè повеќе ни се чини дека е меѓу заебаните, вели:

„Џорџ Р.Р. Мартин забележал дека кога се работи за фикција, многу ретко се повторуваат имиња на ликови, па вметнал неколку Роберти, Џонови и повеќе од еден Брендон. Затоа може да се претпостави дека има повеќе Денерис во светот на „Игра на тронови”, па не мора да значи дека вашето дете носи име на некоја што пали градови качена на змеј. Нели?”

Му држи вода идејата дека ова може на секого да му се случи, дури и кога не црпи инспирација од серија. На пример, детето може ти е крстено по другар/ка што подоцна ќе откриеш дека спие со твојот брачен партнер. Може да избереш убаво име, и истото да го избере и организација што се залага за вредности што не ти одговараат.

„А Калиси,” продолжува, „е убаво име и значи нешто убаво. Ова се случило и порано, името Венди се користело многу ретко пред „Петар Пан” на Џ.М. Бари, па откако книгата станала популарна, и името станало ‘вистинско’.”

Ама Венди не запали никого.

Ќе мора Хафингтон Пост да нè остави малку да пофаќаме сеир на родителите на сите „Калиси” во светот.

Во меѓувреме, додека сме на темава, 

Три минути разочарана екипа на ГоТ

Разговор за претпоследната епизода и

Доста викате дека Арја не заслужи да го направи тоа што го направи

15 мај 2019 - 10:18