Жестоките критики дека Барса полека го губи компасот со страшни милионски трансфери, а подзаборава на својот извор на таленти Ла Масија, полека како да вродија со плод. Малиот Фати е доказ.
Летово Барселона за Гризман даде 120 милиони евра, што само го потврди статусот на Французинот како еден од најдобрите играчи на светот. Оние кои знаат повеќе за него, сигурно го гледале раскошниот документарец за Антоан од Netflix, но таму не се зборува многу за најважниот човек во неговиот живот.
Не би било ништо чудно доколку најдобриот бразилски фудбалер во моментов кариерата ја финишира како и неговиот славен претходник од Барселона, Роналдињо, кој во еден момент банкротираше поради постојани луди забави. Нејмар е тргнат по тој пат да го батали фудбалот.
По претставувањата на новите засилувања Лука Јовиќ и Еден Азар (го пречекаа преку 50.000 навивачи на Сантијаго Бернабеу), најголема врева во Шпанија крена преминот на младиот Такефуса Кубо во Реал.
Денешниот ден со право е посветен за најголемиот на сите времиња според многумина. Интересна е сторијата околу неговите тетоважи и како првпат решил да се црта.
Страстите по градското дерби Барселона - Еспањол уште не се стишија. Лионел Меси речиси никогаш не бара дрес, но од него бара секој жив на теренот. По саботното дерби поради тоа навивачите на Еспањол му се сипаа на едно од своите деца.
Младиот Френки де Јонг е веројатно еден од ретките таленти кој имал проблем речиси со секој тренер во досегашната кариера. Никој не знаел да го препознае неговиот авантуризам на теренот.
6-годишниот Муртаза Ахмади чија слика со дрес направен од кеса на која пишуваше МЕСИ 10 го растажи целиот свет, конечно го запозна својот идол. И не само што го запозна, туку не сакаше да се одвои од Аргентинецот.
Меси има двајца постари браќа од кои едниот бил мајстор за готвење и шеф на кујна, а другиот како што обично бидува, „црна овца“ и најпроблематичен лик во целото семејство кој бил осудуван за нелегално поседување оружје. Има и помала сестра која му го води сајтот.
Уште како ученик во школото играл со скршена рака и стопало, никогаш не се предавал и играл до крај. Техниката која што ја поседувал во младинците била на ниво на соиграчите Чави и Фелипе Ортис. Тренерите во Барса Б се скарале поради него. Едни биле да си оди, други да остане.
Вечно третиот голман на Реал Мадрид и Барселона имал необична играчка, а веќе неколку години има успешна тренерска кариера. Од тренер во Рајо Ваљекано стигна до Порто и до шпанската репрезентација со која ќе го гледаме на „Филип Втори“.
Кога дошол од сиромашниот дел на Камерун во Лион, не знаел да плива и седел во малиот базен, учел да вози точак со еден од соиграчите од детството, но на теренот со пожртвуваност и храброст заслужи да стане нов фудбалер на еден од најголемите светски клубови.
Газдата на ФИАТ, Џани Ањели бил спремен да отвори фабрика во Романија, само Чаушеску да му го даде Георге Хаџи во Јувентус. Христо Стоичков имал мака со комунистичката власт во Бугарија која не дозволувала трансфер во странство до 28 години.
Како мал живеел во сиромашната семејна куќа која често пропуштала кога врне, поради што најмногу се жалела мајка му. Малиот Арда сонувал дека еден ден ќе игра за Галатасарај и ќе заработи за да ја среди куќата.
Фамата која што го следеше Нејмар на времето сега е верна сенка на Осман Дембеле, сензацијата од француски Рен, клуб кој ја одби понудата од 35 милиони евра од Барселона за младиот универзалец.