Авганистанчето не сакаше да се одвои од Меси

6-годишниот Муртаза Ахмади чија слика со дрес направен од кеса на која пишуваше МЕСИ 10 го растажи целиот свет, конечно го запозна својот идол. И не само што го запозна, туку не сакаше да се одвои од Аргентинецот.

Барселона играше пријателски меч во Катар против Ал Ахли организиран од високиот комесар за бегалци при ОН којшто сакале да му помогнат на малиот да го оствари сонот и да го запознае Меси.

Целиот настан не ги остави рамнодушни ни вечните дебатери за Роналдо и Меси кои направија мал гиф:

15 декември 2016 - 11:49