За Барселона дебитираше вториот најмлад фудбалер во историјата

Жестоките критики дека Барса полека го губи компасот со страшни милионски трансфери, а подзаборава на својот извор на таленти Ла Масија, полека како да вродија со плод. Малиот Фати е доказ.

Барса конечно заигра онака како што навивачите очекуваа и со високи 5-2 го згроми Бетис во 2. коло од Ла Лига, после изненадниот пораз на стартот од Атлетик Билбао. Мечот го одбележа дебито на клинецот Фати.

Во 78’ минута наместо Карлес Перез кој е дете од школата на Барса и кој постигна гол синоќа, влезе Ансумане Фати, кој стана вториот најмлад играч во историјата на клубот кој заиграл на официјален меч.

Интересно, на овој натпревар играше и легендарниот капитен на Бетис, Жоакин, кој своето деби во Ла Лига го имал на 26 август 2001 година, цели 14 месеци пред талентот на Барса да се роди.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

What a debut 😍 @ansufati 16. Years. Old. 😱

A post shared by FC Barcelona (@fcbarcelona) on

Ансумане Фати заигра на Камп Ноу синоќа со само 16 години и 298 дена. Претходно најмлад играч кој играл за Барселона на официјален натпревар бил Висенте Мартинез, во сезоната 1941/1942 со 16 години и 278 дена. Но ако се земат предвид околностите од современиот фудбал, подвигот на Фати е навистина многу голем.

Ансумане стана и првиот фудбалер роден во ХХI век, кој заиграл за првиот тим со сениорите на Барселона.

Интересно, луѓето од Барса ги исконтактирале родителите на малиот од Гвинеја Бисао, со цел да побараат дозвола од нив малиот да заигра во вечерен термин. Според правилата на Ла Лига и УЕФА, малолетните играчи мора да имаат дозвола од родител или старател за настап во вечерен термин.

Ансу Фати досега беше член на Барселона У19 тимот и штом влезе во игра на „Камп Ноу“ веднаш покажа зошто тренерот Валверде го прекомандувал во првата екипа. Ансумане го носи бројот 31 и игра во шпицот од нападот. Во ситуација кога во Барселона први центарфори се Лео Меси, Гризман и Луис Суарез, а во конкуренција на Дембеле, Рафиња и новото младо лице Перез Сајол, малиот Фати најверојатно шанса би добил во Куп натпреварите.