Во Е групата од Лига Европа од 21 часот се сретнаа Локомотив Москва и Галатасарај. За гостите беа најавени скроз други играчи, сите познати, ама ниту еден член на турскиот тим.
Ињаки Вилијамс (27) е неверојатно интересен фудбалер, лидер на Атлетик Билбао, клубот симбол на Баскија. Не само што одигра 203 меча по ред без да пропушти ниеден, не само што се изнадава голови за екипата, туку раскажа и фасцинантна сторија за патот на неговите родители до Шпанија.
Сме виделе до сега маче, куче, птица, петел, ама со ваква појава некако не можеш да бидеш лагоден. Непријатната средба со крокодилот ја имаа фудбалерите на Торонто.
Ако пасот на Тони Крос до Винисиус беше од 40-50 метри, тогаш овој на Хари до Рашфорд има 60 и јаче. Како го најде, да се замисли човек дали е он. Инаку ова е за 0:1, а Бруно од пенал во 91-ва ги постигна конечните 0:2 против Гранада. Погледнете ја забавената снимка.
Со секогаш расположениот Рики може да зборувате со саати на различни теми и секогаш да ви биде сè поинтересно. Има животна приказна во него вредна документарец. Тргна од скопскиот асфалт и стигна до фантастични фудбалски висини. До момент Жозе Мурињо да му донесе поклон специјално за него.
Ретко кој не го памети финалето на Лига на шампиони во 2012 година. Дури и ако не сте навивале за Челси или за Баерн, такви натпревари се врежуваат во сеќавање толку силно што дури после 10 години може да се сетите кој дал гол, кој не погодил пенал и кој беше јунак на мечот.
„Да не беа другар ми Бруно на времето и татко му Итаир, тешко дека денес ќе бев на местото на кое сум, во Лига на шампиони со Атлетико Мадрид“, раскажува бразилскиот стопер Фелипе.
Колку е тешко само да се замисли, а не да се постигне: Кире Лазаров стана единствениот ракометар на светот со голови во 4 децении на Светски првенства. Првиот погодок на Мундијал го даде во 1999-та во Египет, а вечерва во истата земја после цели 22 години одново стрелаше прецизно.
Во последните пет години, неколку фудбалери од холандската Ередивизија се преселија во поголеми европски клубови и на тој начин го докажаа фактот дека оваа лига е најдобра за старт на европска одисеја.
Напаѓачот во претходното коло против Сан Марино го израмни, а вчера против Швајцарија го престигна рекордот на Боби Чарлтон по бројот на голови и стана најдобар стрелец на Англија на сите времиња со 50 погодоци.
Кога Мурињо праќа некој на позајмица во Италија, тоа никогаш не е добар претзнак. Прашајте во Милан, Интер или на пример во Фиорентина, за случајот Марин. Сепак, Мурињо погреши со египетскиот Меси, кој не доби права шанса.
Дојде време да се подвлече црта и да се види кои од фудбалерите што ги засилија италијанските клубови навистина ги оправдаа очекувањата. Фиорентина го откри Салах и заборави на Куадрадо. Новиот дрес ги освежи уште и Нианг, Муриел и Макси Лопез. Интер со трансферите погоди половично, а Милан промаши целосно.
Мајкл Џордан, Коби Брајант, Шон Кемп, Винс Картер и Шекил О`Нил се мал дел од ликовите поради кои имаме многу неспани ноќи. Така беше и викендов со 19 годишниот Лавин кој победи во најатрактивното натпреварување на Ол стар кое порано беше забрането.
Фаворитот број еден за светското злато, репрезентацијата на Франција убедливо ја победи нашата селекција на турнирот во Нант 30:20 . Аргентина претходно го освои третото место, откако го совлада Алжир 21:20.