Потеклото и револуцијата на забивањето

Мајкл Џордан, Коби Брајант, Шон Кемп, Винс Картер и Шекил О`Нил се мал дел од ликовите поради кои имаме многу неспани ноќи. Така беше и викендов со 19 годишниот Лавин кој победи во најатрактивното натпреварување на Ол стар кое порано беше забрането.

Dunk, Slam Dunk, Slam, Jam… се синоними за забивање на топката во кош, а тој сегмент од кошарката би можело да се преведе и како „сигурна работа“ односно акција со „сигурен крај“.

Забивањето можеа да го практикуваат и легенди како Вилт Џемберлен и Бил Расел, но тоа повеќе изгледало како исфорсиран шут со недостаток на сила, стил и атрактивност, бидејќи го правеле момци кои не кревале тегови.

Акробацијата без која денеска не може да се замисли кошарката, на времето била забранета во НБА лигата. Нејзиното потекло е од АБА, лига во која играле кошаркари недоволно добри за елитата и кои немале такви ограничувања.

За потегот на кој гледачите уживаат, а коментаторите урлаат на пренос, треба да му кажеме фала на Џулијус Ирвинг кога во 1971 година потпишал за анонимниот клуб од АБА лигата, Вирџинија Сквајерс.

Првиот пат кога се одржал натпревар во забивање на АБА Ол стар игрите било во 1976 година, а победник бол Ирвинг кој го носел прекарот Доктор Џеј. Откако земал залет, тој се одразил од линијата за слободни фрлања, која е инаку преку четири метри оддалечена од обрачот и ја оставил публиката со отворена уста.

Тоа практично било прво и последно натпреварување во оваа конкуренција бидејќи истата година АБА и НБА лигата се споиле во едно. Лејкерси, Бостон и Њујорк биле само дел од екипите кои се тепале за потписот на Ирвинг, но во 1972 година тој бил избран како 12 пик на драфтот во Милвоки.

Популарноста на Доктор Џеј и неговите забивања без граници, беа клучни челните луѓе на НБА лигата да го променат правилото кое денеска е главен белег на најсилната кошаркарска лига на планетава.

Џулијус Ирвинг кој е роден во Њујорк во 1950 година најголемиот дел од кариерата ја мина во Филаделфија каде во 1983 година го освои шампионскиот прстен. Забивањето го дозволуваат од 1984-та и потоа се друго е историја во видео клипови.

Доктор Џеј (Ол стар 1976 година)

Најдобрите забивања во кариерата на Мајкл Џордан

Победник во забивање на Ол стар игрите во Кливленд 1997 беше 19 годишниот Коби Брајант

Најдобрите 20 забивања на Доминик Вилкинс

Блејк Грифин на Ол старот во Лос Анџелес 2011 ја заби преку кола

Нејт Робинсон е висок 176см, но успеа да победи три пати на Ол стар (2006, 2009 и 2010)

Џавал Мекги во 2010 заби два баскета, но на следниот Ол стар успеа и со три.

Победник во 2008 година беше Двајт Хауард (Супермен)

16 февруари 2015 - 17:45