Таг: забивања

Топ 10 забивања на сезоната во Евролига

Сезоната 2021/2022 во која Анадолу Ефес ја одбрани титулата во Евролигата, беше богата со мастраф за да се направи една ваква листа со најатрактивни забивања. Не моменти ќе помислите дека гледате НБА. Браво дечки.

Што сè ќе се гледа на Ол-Стар викендов?

Почнува од доцна вечерва и ќе трае во ноќта помеѓу недела и понеделник. Ол стар викенд на кој најдобрите кошаркари на светот ќе го покажат целиот свој раскошен талент и ќе виткаат обрачи.

Јанис Антетокумпо, лабаво како на Ол стар

Се игра само втората минута од мечот меѓу Грција и Нов Зеланд, а 211 см високата ѕвезда на Милвоки Бакс веќе е во елемент. Одбраната уште ненаместена, тој полета во него, а и да се наместеше џабе. Само минута подоцна уште една атракција.

Како изгледал првиот и последен Ол-Стар меч и забивањата некогаш во Југославија

Единствениот натпревар на „Сите ѕвезди“ во легендарната југословенска кошарка, се одржал во сараевската сала „Скендерија" на 7 мај 1991 година. Се одржувал духот на братство и единство, но се приближувал ужасот на војната.

Најдобрите 50 забивања во НБА сезонава

Блејк Грифин, Џејмс Џонсон и Јанис Антетокумпо, Леброн Џејмс, Донован Мичел и многу други сериозни кандидати за титулата забивање на сезоната.

А ќе речеш само еден обичен волонтер

Неколку месеци пред Ол-Стар викендот во НБА се одржува Џем Сешн, единствена шанса за фановите да станат дел од 1.500 волонтери и да бидат еден до друг со најголемите ѕвезди. Еден дечко така се пријавил за волонтер, па кога му го дале баскетот да покаже што знае на натпреварот на забивање, ги оставил со отворена уста.

Врвно забивање преку човек на Лери Ненс

ЛА Лејкерс го одиграа можеби најдобриот натпревар во последните неколку сезони, откако синоќа буквално го понижија Голден Стејт 117-97. Момент на мечот беше забивањето на Лери Ненс Џр. кој го „искрши“ обрачот со забивање преку Дејвид Вест.

Забивање во САД, Кина, Европа и Филипини

Си биле Американец, Кинез, Европеец и Филипинец. Виц нема да ви раскажуваме, а сепак ќе се смеете на глас.

Баркли го набуцка, па Шек заби во чевли и одело

Чарлс Баркли и Шекил О’Нил беа доста активни за време на Ол Стар викендот. Во еден момент ставија кладба, т.е. Баркли тврдеше дека Шек (43) е стар, дека има многу килограми и дека не може како порано, на што гигантот одговори на паркетот.

Што ти е старост во улога на Ти-Мек

Трејси МекГрејди беше суперѕвезда во НБА во раните '2000-ти кога даваше по 25-30 поени во просек за Орландо Меџик и Хјустон Рокетс. Викендов 36-годишниот Ти-Мек се појави на Ол-Стар мечот Селебрити и ја покажа разликата на младоста и староста.

10 најубави забивања по избор на Шекил

Шекил О'Нил веќе некое време работи како аналитичар на НБА случувањата во емисијата Inside the NBA на каналот ТНТ, каде повеќе прави циркуз отколку што се занимава со анализи. Еве го неговиот избор за ТОП 10 забивања на неделата.

Потеклото и револуцијата на забивањето

Мајкл Џордан, Коби Брајант, Шон Кемп, Винс Картер и Шекил О`Нил се мал дел од ликовите поради кои имаме многу неспани ноќи. Така беше и викендов со 19 годишниот Лавин кој победи во најатрактивното натпреварување на Ол стар кое порано беше забрането.

Зек Лавин ги засени конкурентите во забивање

Дебитантот на Минесота е вториот најмлад кошаркар, по Коби Брајант кој со само 19 години успеа да победи на натпреварот во забивање. Најдобар тројкаш на годинашниот Ол стар викенд кој се одржува во Њујорк е Стеф Кари, а Патрик Беверли од Хјустон беше подобар во „скилс џелинџ" натпреварот,

Две топ 10-ки од Мундијалот во Шпанија

ФИБА направи две топ листи од Светското првенство во кошарка. На првата ќе може да се потсетите на најдобрите забивања каде на прво место е Србинот Никола Калиниќ, додека за најатрактивен поен е прогласен шутот за три поени на Турчинот Емир Прелиџ.

Средношколецот што бесно забива

Се вика Кве Паркер, потекнува од Северна Каролина, а учи во Тринити Христијан, средното училиште во Њујорк. Таму кај што треба е познат по ѕверските куцања и одбивањето да се помири со гравитацијата.