Новиот јунак во градот на Данте Алигиери

Кога Мурињо праќа некој на позајмица во Италија, тоа никогаш не е добар претзнак. Прашајте во Милан, Интер или на пример во Фиорентина, за случајот Марин. Сепак, Мурињо погреши со египетскиот Меси, кој не доби права шанса.

Кога Специјалниот ќе замисли да освојува европски купови и првенства, ги одбира само најдобрите фудбалери. Тоа добро го знаат претседателите на клубовите кои Мурињо ги водеше. Ако некој фудбалер е надвор од листата на Португалецот, довербата може да ја врати само преку позајмица во друга екипа.

Кога се врати на клупата на Челси пред две години, Мурињо не ја заборави старата љубов и во Интер го прати младиот Валас Оливеира дос Сантос, 20-годишен крилен фудбалер кој дојде од Флуминенсе. Сепак, Бразилецот имаше само четири настапи, првиот како стартер во Купот на Италија против второлигашот Трапани, а последниот против Торино на гости.

Драги пријатели

На почетокот на сезонава стигна „бомбата“ во ликот на Фернандо Торес. Ел Нињо дојде во Милан директно од Челси со благослов од Мурињо, кој во тој период сметаше само на Диего Коста, затоа што повреден беше Дрогба, а продадени Ето, Лукаку и Демба Ба. Во тие услови зошто да се лиши од Торес?

Заедно со Шпанецот, во Милано дојде и Ван Хинкел. Интеристите беа иронични (од искуство), а Миланистите сонуваа добри резултати.

Торес го даде првиот гол против Емполи, после 57 минути во црвено-црниот дрес. Сепак, тоа ќе биде единствен гол на 10 настапи, пред Милан да го трампа за Черчи со Атлетико Мадрид. А Холанѓанецот? Шест натпревари, некоја ситна повреда и никаков учинок на теренот.

Салах, да заборавиме на Квадрадо

Првиот пакет-подарок од Мурињо до Фиорентина беше Марко Марин. Германецот за Виолетовите играше во Лига Европа и даде 2 гола на 4 натпревари, со што беше прв стрелец на Виола во групната фаза. Сепак, во Серија А ни бледа сенка од Марин во Европа.

Во јануари, Колумбиецот Квадрадо летна за Лондон, а во спротивна насока за Фиренца замина Мохамед Салах (22), за дискретна сума. Египќанецот направи вистински бум во Италија: 6 голови на 7 настапи, три во првенството, еден во ЛЕ и два во полуфиналето на Купот против Јувентус во Торино. Првиот гол на Квадрадо за Фиорентина дојде после 12 натпревари, а во Челси уште нема дадено гол. Во меѓувреме Фиренца ужива во мајсториите на новиот миленик.

Тоа значи дека и Мурињо знае да згреши, за што потврди и Еден Хазард.

Неверојатниот гол на Салах вчера против Јуве по 70 истрчани метри:

Египќанецот играше во транс против Старата Дама: