За млад играч само холандска лига

Во последните пет години, неколку фудбалери од холандската Ередивизија се преселија во поголеми европски клубови и на тој начин го докажаа фактот дека оваа лига е најдобра за старт на европска одисеја.

Луис Суарез, Барселона

Во Холандија: Гронинген и Ајакс
Замина од Ередивизија: 2011 година
 
Членот на убиственото трио на Барселона своите први чекори во Европа ги направи на холандско тло. Уругваецот се афирмираше во Гронинген, каде тренер му беше строгиот Рон Јанс. Следна станица на Суарез беше Ајакс кој после четири сезони му беше трамболина во Ливерпул. Трансферот изнесуваше 26,5 милиони евра. Толку платија Црвените.
 
Во меѓувреме го барале Шахтјор Доњецк и Зенит Санкт Петербург. „Ги одбив тие клубови, затоа што сакам да освојувам трофеи, а не да полнам торби со пари“, кратко изјави Суарез зошто ги одбил богатите понуди. На Ефилд Роуд, Луис Суарез го стекна статусот на еден од најдобрите фудбалери во Европа.
 

Кристијан Ериксен, Тотенхем

Во Холандија: Ајакс
Замина од Ередивизија: 2013-та

Во холандското првенство, Ериксен долги години го носеше статусот најперспективен играч. Неколку сезони медиумите лицитираа со цената за која некој голем клуб ќе го купи, а оптимистите одеа и до 30 милиони. На крајот, лондонски Тотенхем ја одврза ќесата и даде 13,5 милиони. 

По заминувањето на Роман Пављученко од северен Лондон, Данецот брзо ја стекна позицијата лидер во тимот. Лани постигна 10 голови и без него тешко е да се замисли играта на Мамузите.

Бас Дост, Волфсбург

Во Холандија: Хераклес, Херенвен
Замина од Ередивизија: во 2012-та

Во последните години од Холандија насекаде во Европа се движат многу напаѓачи, но не баш сите Холанѓани се снаоѓаат по напуштањето на границата. Пример се Брајан Руиз и Лук де Јонг кои се загубија, но тука е Бас Дост кој во Бундеслигата стигна откако го напушти триото Асаиди-Дост-Нарсинг. По доаѓањето во Германија, Дост неколку години беше во сенка, а неговиот рафал започна со почетокот на 2015. година. Двата гола против Баерн Минхен во триумфот на Волфсбург беа појдовна точка за полетот на кариерата на Бас Дост. Холанѓанецот во моментов е водечка ѕвезда во нападот на својот тим Волфсбург.

Дејли Блинд, Манчестер Јунајтед

Во Холандија: Гронинген, Ајакс
Замина од Ередивизија: Во 2014-та

Блинд помладиот стана фудбалер на Манчестер Јунајтед веднаш по натпреварот меѓу Шпанија и Холандија на СП 2014. во Бразил. Неколку месеци претходно, играчот на Ајакс успешно работеше со Ван Гал во репрезентацијата по што се преселија заедно на Олд Трафорд. Во текот на летото 2014. стана најскапиот трансфер во Европа. Во Холандија, Дејли играше претежно во одбраната, но во Јунајтед заигра повеќе во средниот ред.

Душан Тадиќ, Саутемптон

Во Холандија: Гронинген, Твенте
Заминал од Ередивизија: Во 2014-та

Кога во летото 2014-та холандската репрезентација го постави Гус Хидинк за нов селектор, поранешниот тренер на Феенорд Ротердам, Роналд Куман се помири со тоа и стана нов тренер на Саутемптон. Куман веднаш доведе доста играчи од холандското првенство.

Српскиот фудбалер Душан Тадиќ долго време беше на мета на неколку богати европски клубови, на крајот Куман успеа да го доведе во Премиер лигата.

Дрис Мертенс, Наполи

Во Холандија: АГООВ, Утрехт, ПСВ
Замина од Ередивизија: во 2013-та

Белгискиот фудбалер во летото 2013-та стана првиот Белгиец во историјата на Наполи. Тој беше еден од двајцата играчи кои беа во италијанската зделка на ПСВ Ајндховен. Другиот, Кевин Стротман премина во Рома. Ако вториот се измачи со повреди во Рим, Мертенс брзо се прилагоди на Југот и стана неопходен дел од тимот на Наполи.

По Светското првенство 2014, Дрис малку ги уплаши навивачите по тешкиот дуел на пријателската Белгија - Велс, но ништо страшно не се случи, а Дрис потпиша нов договор.