Таг: витезе

Царевите на денот ни доаѓаат од тренингот на Витезе

Два гола еден спроти друг, два велемајсторски голчишта, две прекрасни асистенции, двајца јунаци и тоа еден по друг. На крај се радуваа како да стрелале во финале.

Ама не скокајте сите наеднаш, ќе попушти трибината

Витезе го доби НЕЦ на гости со 0:1, победа која ја славеа заедно со играчите. Во еден момент имаше мал застој во славењето. Требаше да се избројат луѓето, дали се сите живи и здрави. Велат дека немало повредени.

Еврогол во 92-ра за победа

Играа Фортуна Ситард и Витезе во Холандија. При резултат 1-1, во 90+2' минута Фин Стокерс проба нешто од далечина и донесе голема радост за домаќините.

Фудбалер на Витезе му покажа жолт картон на судијата за глума

Наварон Фор од холандскиот Витезе во 61’ минута од средбата со Твенте влезе во еден дуел во кој се најде и главниот судија кој падна на земја. Кога станаа играчот му здрпа картон на судијата и го опомена.

Автоголов го гледате сега и веќе никогаш повеќе

22 годишниот Фанкати Дабо, кој како позајмен играч од Челси настапува во Витезе е автор на едно видео кое ќе треба да го крие од внуците. За ваков неповторлив автогол не постои логично објаснување како е можно да го постигне. Во 56 секунди ќе го видите осум пати.

Македонскиот клупски фудбал поуспешен од холандскиот и германскиот

Резултатите кои летово ги постигнаа Вардар, Шкендија и Работнички на европска сцена, на македонскиот клупски фудбал му донесоа преку 2.000 бодови и високо 16. место на ранг листата на УЕФА од вкупно 55 земји-членки.

Како најголемиот талент на Ајакс и ѕвезда на Арсенал станал просјак

Глен Хелдер бил роден за фудбалер. Имал дриблинг на кој му завидувале од Јохан Кројф и Денис Бергкамп до Ван Перси и Марк Овермарс. Но единствен противник кој не можел да го дрибне била зависноста од коцка која му земала сè што имал во животот.

Најдобрата судиска проценка за соблекување дрес

Во сите лиги е установено дека ако играчот го соблече дресот за прослава на гол, веднаш добива жолт картон, но во овој случај судијата оправдано му рече „извини“ на правилото, ама овој пат јас сум во право.

Во кревет со жена ти на стадион

На натпреварот меѓу Витезе и Херенвен во холандското првенство викендов присуствуваа 15.234 гледачи, а само двајца од нив добија шанса да го гледаат лежеечки. Од клубот решија за Валентајн да организираат натпреварување на кое првонаградените ќе легнат во брачен кревет кај корнер знаменцето и со ружи и вино ќе гледаат фудбал. Нивниот тим победи 3:0.

Заборавената сторија за Вилем Топот Хеселинк

Светски шампион во влечење со јаже, рекордер во скок во далечина и пионир на форензичката наука кој го основал холандскиот Витесе Арнхем кој знаеше како се матираат противничките голмани.

Челси ја колонизираше Европа со 33 позајмени играчи

Премиерлигашот може да состави три екипи само од играчите кои се на позајмица во други клубови. Најпознати се Куадрадо во Јувентус, Салах во Рома и Пашалиќ во Монако. Мурињо има стратегија или нелогично троши пари?

Абрамович не дозволувал Витезе да игра во ЛШ?

Холандската фудбалска федерација ја истражува сопственичката поврзаност помеѓу Челси и Витезе, која треба да покаже дали лондонскиот тим влијаел врз екипата од Арнхем.