Сторија за Глен Хелдер, првиот играч кој Венгер го избркал

Како најголемиот талент на Ајакс и ѕвезда на Арсенал станал просјак

Глен Хелдер бил роден за фудбалер. Имал дриблинг на кој му завидувале од Јохан Кројф и Денис Бергкамп до Ван Перси и Марк Овермарс. Но единствен противник кој не можел да го дрибне била зависноста од коцка која му земала сè што имал во животот.

СРЕДБАТА СО ИЦО СТОИЧКОВ И ЕРОС РАМАЅОТИ

Во декември 1994. година Глен Хелдер го викнале во селекцијата на Светот на ревијален меч против Милан. Во автобусот кој возел кон стадионот „Сан Сиро“, Хелдер седнал до Христо Стоичков, сопственикот на „Златната топка“ за најдобар фудбалер таа година.

Холанѓанецот зборувал за летните подготовки во Узбекистан каде претседателот на неговиот клуб Витезе, Карел Алберс бил почесен конзул. Ицо Стоичков слушал, климал со главата и се насмевнал.

„Да да, он не знае ни збор англиски“, му објаснил на Хелдер Ричард Витчге кој играл со Стоичков во Барселона. После ревијалниот меч кој репрезентацијата на Светот го добила 3-2 имало вечера во домот на напаѓачот Марко Симоне.

Кога во дневната соба видел шест телевизори, Глен ги ококорил очите: „Богатите имаат свои бубачки“, рекол на глас младиот Холанѓанец. “Да, така е, што побогати толку почудни“, му одговорил на англиски Ерос Рамаѕоти кој се нашол до него.

ОБИДОТ ЗА САМОУБИСТВО ПОРАДИ ЗАВИСНОСТА ОД КОЦКА

Четири години подоцна Глен барал пилули за спиење од докторот на НАЦ Бреда. ’Ти веќе зема едни’, -Да, но тие апчиња не помогнаа, ми треба појаки. ’Еве ти, држи. Од овие и слон заспива’, му рекол клупскиот лекар.

Кога се паркирал на аеродромот Схипхол во Амстердам, Хелдер голтнал 18 таблети со вода. Се разбудил во болницата Слотерварт и слушнал како родителите му објаснуваат на психијатарот: “Ако сакал да умре, ќе одеше во шумата кај нас, а не на аеродромот. Тоа бил повик за помош, а не обид за самоубиство“. -Мора да разберете, да го забележила полицијата пет минути подоцна, ќе беше мртов“, им рекол психијатарот.

Неговите родители се развеле кога имал осум години, и Глен живеел со татко му на северната периферија на Лејден. Никогаш не видел родителите да се караат, само еднаш слушнал од мајка му: “Не сме криви. Просто љубовта помина“.

ПОЧЕТОКОТ НА ФУДБАЛСКИОТ ПАТ

Кога стигнал од Суринам, 63-годишниот татко на Глен работел како заварувач, а преку викенд свирел бас гитара во рестораните на морскиот округ Шевенинген, во Хаг.

Глен едно лето добил кубански барабан за конго музика, а во меѓувреме отишол на стадионот „Де Мер“ каде играл Ајакс. Глен влегувал бесплатно затоа што имал само осум години. Пред мечот со Венло во октомври ’77-ма редарот го прашал: „Колку години има? -Осум, одговорил татко му, а Глен викнал: ’Вечерва славам девет!’. -Епа тогаш мора да му купите карта“.

„Запамти, кога ќе ти кажам дека имаш осум, имаш осум“, му викал Џон Хелдер. Следниот меч против Ден Хаг не ги пуштиле но не поради казна, туку поради тоа што мајка му го замолила да оди на некоја свадба.

АЈАКС АМСТЕРДАМ И ДРУЖБИТЕ СО ДЕНИС БЕРКГАМП

Едно лето кон крајот на ’80-те татко му го однел Глен на проба во Ајакс. Тренерот Ад де Мос го издвоил меѓу стотината деца и го прашал татко му: “Нема да ви биде проблем да го возите син ви четири пати неделно во Амстердам на тренинзи и натпревари? -Воопшто нема да ми биде тешко“, лажел Џон Хелдер.

Освен трите сина имал и две ќерки со новата жена, а сега ќе треба на пат да биде скоро секој ден. На првиот тренинг во Ајакс, Глен дошол во дрвени копачки и волнени чорапи поради што соиграчот Арманд Дорн го исмевал и го нарекувал сељак, но Хелдер набрзо станал втор стрелец на екипата со 17 голови (повеќе дал само Денис Бергкамп). Од тогаш веќе не го задевале.

Глен брзо се спријателил и со Дорн (кој подоцна стана агент, а не фудбалер), со Бергкамп и со капитенот на Ајакс Вирџел Јоманхан (пет години подоцна е исфрлен од клубот поради контакт со проститутки а во 89-та загинал во авионската несреќа во Парамарибо во која настрадале 15 млади холандски фудбалери со суринамско потекло).

Глен Хелдер на 15 години го напуштил Ајакс: татко му бил изморен да го вози до Амстердам, а клубот не му плаќал карта. Ајакс му предложил на Џон Хелдер да дојде во Амстердам и да живее заедно со синот. Но во Лејден тој имал прекрасна куќа, нова жена и многу деца кои не сакал да ги остави. Така Глен завршил во свештеничко школо и играл за локалниот аматерски тим.

РОТЕРДАМ И КАЗНИТЕ ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ

Новиот другар на малиот Глен Хелдер станал Бени де Рој кој учел тајландски бокс. Глен учел пет дена во неделата а преку викенд играл фудбал. После неколку години се нашол во тимот Спарта Ротердам и купил половна Ford Fiesta. Мечтаел да има нова Opel Corsa како сите соиграчи, но претседателот Флор Бауер му рекол: „Не можам да ти дадам кола додека не добиеш дозвола“.

Во стариот Ford му било комотно, но еднаш удрил во камион додека уште ја исплаќал колата а сега мора да плаќа за хаваријата. На уште не завршени часови ни положен за дозвола, Глен првата недела три пати бил сопрен од полицијата. Петтиот пат извадил бејзбол палка и му рекол на полицаецот: “Признај дека постојано ме сопирате затоа што сум црнец? - Не пријателе, не сум расист, но кога ќе видиме црнец во скап автомобил тоа е најверојатно украден“.

ЛЕЧЕЊЕ ЗАВИСНОСТ ОД КОЦКА И КЛАДЕЊЕ

По еден тренинг, Глен му предложил на тренерот Роб Јакобс да се кладат кој побрзо ќе извози до дома. Јакобс живеел близу Ротердам, а Хелдер неколку километри подолу но стигнал побрзо. Директорот на клубот Чарлс ван дер Стене дознал дека Глен на казни за брзо возење ја давал скоро цела плата. „Од што живееш вака? -Земам кредит“.

Но кредит не за кола, туку за гардероба за девојка му Манон која што ја запознал во Париз (на еден настан со ансамблот во Дизниленд каде тропал на конги). Пари трошел и во казино во Зутермер поради што доцнел на тренинзи.

На 18 години ставил паричка во казино апарат и наеднаш добил џек-пот поради што не можел да ги собере парите. Тренерот на Спарта, Роб Бан го носел во Центарот за психијатриско здравје каде го лекувале од зависност од коцкање, но Глен редовно бегал и одел во казино или на хиподром.

Набрзо го повредил зглобот, испаднал од составот и неговото место го добил Винстон Богард кој тогаш играл во нападот. Но до повредата, Глен одиграл три фантастични сезони за што бил награден со нов богат договор од Витезе.

Во “93-та година весникот De Telegraaf го избрал Хелдер меѓу тројцата најдобри играчи во Холандија, а на гласањето од навивачите на Витезе бил подобар од репрезентативците Ханс Гилхаус и Филип Коку.

МАРИХУАНА И ПРОСТИТУТКИ СЕКОЈА ВЕЧЕР

Тренерот Херман Нејман пушел цигари и не можел да познае кој од играчите исто пали. Таа сезона Хелдер не само што пушел цигари, туку и марихуана а почнал да пие и коктели Сафари (водка со ананас). Излегувал секоја вечер и менувал девојки. Во документарниот филм за него C’est La Vie од Џесика Вилериус Хелдер вели: „Мило ми е што не завршив на кокаин или хероин. Знаев дека тоа е пеколот“.

Во ноември 1994. година пред дуелот со Гронинген бил толку пијан што заспал во автобусот, но тренерот Нејман иако го забележал го ставил во составот а овој трчал како луд. На полувремето легнал на столот за масажа, а голманот Рајмонд ван дер Гоув му рекол: „Подобро отиди си дома“. Во вториот дел место Хелдер влегол шпицот Рој Макај.

ТРАНСФЕРОТ ВО АРСЕНАЛ И СЕЛИДБА ВО ЛОНДОН

Поминале три месеци а Хелдер тргнал во Лондон со куфер поголем од него. “Одиме само на еден ден, што си земал толку?“ го прашал менаџерот. -Ќе видиш.

Ги сместиле во хотелот Four Seasons со пет ѕвезди а патот и престојот ги платил Арсенал со кого преговарале. Откако се сместиле, Глен од куферот ги извадил сите валкани алишта и ги однел на перење. Утрината Хелдер во знак на благодарност за зделката на својот менаџер му купил часовник Rolex Daytona.

Во тој период Хелдер го сакал и Мидлзборо, лидерот во втората лига кој летал кон Премиер лигата. Мидлзборо давал дури и 400.000 фунти повеќе годишно, скоро 10 пати повеќе отколку што земал во Витезе но Глен сакал само во Арсенал.

Џорџ Грем, тренерот на Арсенал пред да дојде Венгер им понудил 400.000 фунти годишно а подобро од него земале Тони Адамс, Јан Рајт и Пол Мерсон - ѕвездите на „топџиите“.

ЛУДОРИИТЕ СО БАРАБАТА ПОЛ МЕРСОН

Од потписот на договорот до првиот меч во Англија имало два дена, но тогаш се открило дека Џорџ Грем примил мито од 425.000 фунти од менаџерот Руне Хауге за трансфер на Норвежаните Јенсен и Лидерсен. Грем го избркале од работа а нов тренер станал неговиот помошник Стјуарт Хјустон.

Пред мечот со Кристал Палас, Хелдер се запознал со најголемиот лудак во историјата на Арсенал, Пол Мерсон и брзо нашле заеднички теми. Два месеци оделе на собир на анонимни алкохоличари за да се ослободат од лошите навики. Неколку минути подоцна, Хелдер го позајмил телефонот од Мерсон за да направи неколку опклади, но ѕвездата на Арсенал му објаснила дека му го прислушкуваат и му го зел.

АРСЕН ВЕНГЕР ГО БРКА ОД ЕКИПАТА

Следен цимер му бил Денис Бергкамп кој стигна од Интер и го дал првиот гол на асистенција на сонародникот и другарот од Ајакс.

Во декември 1995. година, пред мечот со Ирска во квалификациите за Европско, Хелдер, Бергкамп и другите репрезентативци на Холандија уживале во ливерпулски хотел. По доручекот, Хелдер седнал на клавирот и ја засвирил We are the champions а „лалињата“ го добиле мечот 2:0. Тоа бил четврт и последен настап на Хелдер за репрезентацијата.

Брзо закачил и стомачен грип, испаднал од составот на Арсенал и често излегувал во луксузните ноќни клубови заедно со бекот на Шефилд Реџи Блинкер. Трошел толку пари што го завикале „Гувернерот“. Но наскоро дошол Арсен Венгер и го избркал од екипата.

ИСКОЦКАЛ СÈ ШТО ИМАЛ, ЈА ДАЛ И КОЛАТА НА ДРУГАР МУ

Арсенал решил да го позајми во Бенфика каде заработувал одлични пари, живеел на море во реонот Кашкајш и уживал во рибните ресторани со голманот Прудом. Но не играл многу: На пријателски меч го удриле со лакт, брзо ја повредил и ногата и паузирал.

Позајмицата во Лисабон му завршила и наместо во Лондон се вратил во Амстердам каде продолжил да се коцка. Дневно губел по 3.000 гулдени (за една година искоцкал 1 милион). Другар му од детството Арманд Дорн го молел да престане и да ги стави парите во банка, но Хелдер се вратил во казино и потрошил се што имал.

Еднаш пред да замине во Суринам, Дорн му ја оставил на Глен Хелдер колата и го замолил следната недела да го земе од аеродром. Кога се вратил дознал дека Глен ја заложил колата и парите ги искоцкал за само осум минути.

Менаџерот Јансен и родителите со браќата го советувале да се лечи на клиника, но Хелдер одбивал. Филип Коку ја откупил колата од лихварите а лудиот Хелдер се вратил да игра во НАЦ Бреда кај стариот тренер Нејман кој го тренирал во Витезе.

НЕСЛАВНА СЕЛИДБА ВО КИНА И УНГАРИЈА

ТВ водителот Пол де Леув го викнал еднаш Хелдер во своето шоу, а за време на емисијата домот на Хелдер бил ограбен и му ја украле целата скапоцена гардероба од Лондон. После една недела тренерот Нејман го викнал Хелдер во својата канцеларија: „Дали е вистина дека на неколку часа пред мечот со Најмеген си бил во казино? -Да, така го намалувам стресот“, му одговорил Хелдер.

Родителите на Глен во еден момент го замолиле Селсо Сајрус, другарот на син им да го зема и да го враќа од тренинзите. Едно утро Гел лажел дека ги заборавил документите дома, му ја побарал колата да се врати и тогаш испил 18 таблети. Селсо веднаш му се јавил на татко му на Глен, а тој во полиција која што брзо го нашла предозиран во автомобилот.

Наместо психолошка рехабилитација, тој се договорил со кинескиот клуб Далјан Ванда каде добивал два пати повеќе пари отколку во Арсенал. Но морал да пројде два допинг теста пред чиновниците на кинеската федерација. Блиску бил до договорот со кој ќе ги раздолжи сите долгови и ќе се излечи од депресија.

Со уште еден изгубен голем талент, Енди ван дер Мејде

На 21. јануари 1999. година Глен за малку ќе се задушел поради тешко воспаление на белите дробови поради што морал во болница. Доцнел во Кина четири дена, едвај ги поминал тестовите, потпишал договор но пред првиот меч дознал од преведувачот: „Некој во управата заборавил да те регистрира во федерацијата. Не смееш да играш“.

Кинескиот клуб се обидел да го поништи трансферот, го отстраниле Хелдер од тимот и не му давале плата. Објаснувањето било: Глен дошол во Кина болен и паднал на тестовите. Неговиот менаџер тогаш на ФИФА и докажувал на суд дека не е така, а Хелдер добил 320.000 долари и отказ.

Следното лето отишол на проба во унгарскиот МТК каде тренер бил Холанѓанецот Хенк тен Кате. После долга пауза, брзото крило заиграло два меча по ред дал три гола, но повторно го повредил коленото. МТК испаднал од квалификациите за Лига на шампиони од Динамо Загреб после што претседателот на клубот решил да го почне првенството без Холанѓанецот кој пак останал без работа.

ДОБИЛ СИН И СПИЕЛ ВО КОЛА ЗА ДА СЕ КРИЕ ОД ИЗВРШИТЕЛИТЕ

Поминале шест месеци и Хелдер го викнале во Розендал, мал холандски клуб каде требал да покаже дека е во форма за да потпише договор. Во холандските казина веќе не го пуштале, но тој еднаш отпатувал на турнир во Суринам каде го искоцкал и последниот денар што го имал.

Крајот на кариерата бил неминовен особено по повредата на Ахиловата пета. Во тоа време му се родил и синот Џилани. Да му се случело ова седум месеци претходно, тој ќе ги трошел парите на градба на нова убава куќа а не на рулет, ќе ставел седиште за бебето во колата и немал да вози пијан од Бакарди коктелите. Ќе проживеел нов живот.

Малиот Џилано со мајка му живеел во мал стан во Алкмар, но Глен таму не се појавувал. „Во тоа време често спиев во кола“, признава Глен во книгата на Берт Недерлоф ’Од Арсенал во затвор’.

Низ град шетал со пиштол за да не го фатат лихварите а пред извршителите се појавил кога завршил со фудбалот и добил пензија од фудбалската федерација. Тоа била ситна сума, но барем се раздолжил. Синдикатот на фудбалерите му давал пари за јадење и бензин и му советувал да оди во аматерски клуб каде би работел.

Се вработил во одделение на DHL во градот Гауда каде земал 1.100 евра месечно, работел 40 часа во неделата, а појадувал со некој азилант од Авганистан кој мислел дека Хелдер е мигрант од Суринам а не довчерашен фудбалер на славниот Арсенал.

Во април 2006 година го викнале на покер турнир во Лондон на кој учествувале и ирската легенда Тони Каскарино, Французинот Жинола, Швеѓанецот Бролин, Германецот Штајн и Англичанецот Бол. Таму освоил 3.000 долари.

После некој месец ново изненадување: Му се јавил Бергкамп и го викнал да игра на неговиот проштален меч во Амстердам. Таму се собрале најголемите легенди на Арсенал и Холандија: Симан, Анри, Виеира, Паролу, ван дер Сар, Рајкард, Овермарс, Кројф и меѓу нив сиромашниот доставувач Глен Хелдер.

ОБИД ЗА УБИСТВО, ЗАТВОР И КАРТИ ЗА „ОЛД ТРАФОРД“ ОД ВАН ПЕРСИ

Глен Хелдер стои до Бергкамп во непобедливата генерација на Арсенал

Во август истата година, Манон, девојката со која поминал 14 години и добил син му признала дека го изневерила со Гвидо, братот на неговиот другар. Глен бесен тргнал да го убие но не го нашол ниту дома ниту кај сестра му. Тогаш го продал скапиот часовник Franck Muller кој го добил од Бергкамп на прошталниот меч и купил нов пиштол Magnum 757.

Кога го нашол Гвидо во продавницата каде што работел, го удирал со кундакот по глава, но овој избегал пред Хелдер да пука. Следното утро полицијата го разбудила и уапсила поради тешки телесни повреди и обид за убиство на љубовникот на жена му.

Три дена поминал во станица, после што се вратил во Амстердам. Во септември 2007. година добил две карти за дуелот Холандија - Бугарија и сакал да го однесе син му на фудбал како некогаш него татко му.

Но по пат до Алкмар го сопрела полицијата. После рутинската контрола, го отворил багажникот и кога му го виделе пиштолот почнал да бега. Го фатиле после што е осуден на 7-месеци затвор. Во затворот пушел хашиш и гледал телевизија а станал и шампион во пинг-пинг.

На 3. април 2008 година после седум месеци затвор го ослободиле. Пред четири години, за роденденот на син му му се јавил на Робин ван Перси и му побарал билети за дуелот Манчестер - Ливерпул на „Олд Трафорд“.

Две години по оваа авантура во Манчестер, синот на Глен Хелдер кој наполнил 12 години бил најдобар играч на финалето на младинската Лига на шампиони во Берлин.

Очигледно расте уште еден голем холандски талент.