На натпреварот меѓу Витезе и Херенвен во холандското првенство викендов присуствуваа 15.234 гледачи, а само двајца од нив добија шанса да го гледаат лежеечки. Од клубот решија за Валентајн да организираат натпреварување на кое првонаградените ќе легнат во брачен кревет кај корнер знаменцето и со ружи и вино ќе гледаат фудбал. Нивниот тим победи 3:0.