Ново издание на Институтот за македонска литература, „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963“ на авторите Ана Мартиноска и Жарко Иванов се однесува на еден траурен момент од колективната историја. Среде хаосот и болката на скопскиот земјотрес, еден фолклорист се одважил да го забележи она што денес претставува скапоцен документ за тоа како преживеаните се збогувале со своите блиски. Сега, 60 години подоцна, тие прв пат стануваат достапни за јавноста и тоа токму во момент на колективна тага.
Среде пустелијата на северна Австралија, во регион наречен „Никогаш Никогаш“ (сериозно), има населба која тешко дека би можела да се нарече град. Во неа до скоро живееле 11 луѓе. Сè до исчезнувањето на локалниот шегаџија. Доволно „штоф“ за документарец кој се прикажува на Нетфликс.
На 17.09 (недела) во Скопје започнува 11-тото издание на фестивалот Про-за Балкан. Помеѓу бројните интересни учесници е и режисерот на култните „Ко то тамо пева“ и „Маратонци...“ и автор на неколку книги кои повторно се вртат околу филмот. Во ова интервју тој зборува и за проектите кои се во тек, но и за таквите кои изгледа ќе останат неснимени, како и за својот однос кон сопственото дело, околу кое како што вели често се крева(ла) непотребна хистерија.
„Приказна за саксофонот“ е нова детска книга на брачен пар кој споделува голема љубов за џезот. Сликовницата е резултат на едно едноставно прашање - кој го измислил овој инструмент?
Деновиве низ светот (па и кај нас) премиерно се прикажува новиот биографски филм за „таткото на атомската бомба“. Малкумина знаат дека тој пред крајот на животот поминал десетина години на едно изолирано место во Карибите, пишувајќи поезија и пловејќи по заливите.
Неодамнешата одлука на училиште во Флорида да изврши притисок врз својата директорка да поднесе оставка, откако на час била прикажана голата статуа на Давид на Микеланџело, го зголеми интересот за ова дело. Но покрена и уште едно, поинтересно прашање. Зошто, побогу, неговиот, а и пенисот на голем број други антички скулптури е толку мал?
Ексерптите не можат да го потврдат постоењето на г-дин Електрико, чија изведба со меч на електрична столица од 1932 наводно го поттикнало интересот за пишување на славниот научно-фантастичен автор.
Како што во вестите сè почесто се слуша за различни необични вселенски објекти кои прелетуваат над глобалното небо, така искрснуваат и интересни приказни за исти такви виденија од минатото. Ова е дури од 1803-тата.
Филмот на Спилберг, кој неодамна доби пет Златни глобуси, меѓу кои за најдобар филм од жанрот драма, најдобар режисер и најдобро сценарио, е опишан како „полуавтобиографски“ и е базиран на детството и раната младост на самиот режисер и ко-сценарист.
Ако го пребарувате на нашиов сајт ќе ви се појават 23 статии, меѓу кои преведени текстови, интервјуа или осврти за негови книги. И до сега, значи, сме користеле секакви прилики да го спомнеме и да го испочитуваме, но овој пат за тоа има и посебен повод - човекот ни е тука.
Има две работи кои можат да помогнат во толкувањето на овој филм: истоименото дело на Томас Хобс, библиската приказна за Јов и митолошката слика за Левијатанот. Но и без ништо од сето ова, трагичната приказна за беспомошноста на малиот човек пред корумпираното и аморално чудовиште од систем не може а да не ве допре.
Го опишуваат како валкан, обраснат и грд. Не го откривал вистинското име, ниту каде и кога се родил. Па сепак повлијаел врз некои од најзначајните мислители од еврејско потекло, кои го делеле светот на „луѓе кои го познавале, и оние кои никогаш не чуле за него“.
За што се раскажува во овој филм? За едно момче. И тоа не би било ама баш ништо посебно, доколку не сте сведок на неговото реално растење, и тоа за 12 години во текот на три часа.
Варијации на тема „предизвици" по урнекот на кофите студена вода има многу, а некои од нив веројатно и не се многу пријатни. Ние ви нудиме еден кој е образовно-забавно-хуманитарен, и не претерано тежок.
Препознатлив по речиси женскиот глас, тој ќе остане запаметен по неговата соработка со џез легенди како Чарлс Мингус, Лестер Јанг и Чарли Паркер, но и по оние со Лу Рид и Дејвид Линч. И по интересната животна приказна.
Нацистите имале долг список на писатели „за отстрел", ама еден од нив особено ги вадел од такт: сатиричарoт Курт Тухолски. Под мотото „кого удрам не жалам", тој во своите комични песни и текстови мавал по националистите, милитаристите, но и лично по Хитлер, кого го нарекувал „малиот човек".
Набоков во негов текст од 1941 година, „Уметноста на преведувањето", наведува три грева кои најчесто ги прават оние кои се занимаваат со неблагодарниот чин на „вербална трансмиграција" - преведувачите.
Распространет на седум ридови долж широка река, некогашна престолнина на империја, Лисабон е дом и на еден српски преведувач и автор. Запознајте го Дејан Тиаго Станковиќ. И неговата баба Политима.
Филмот којшто го најавивме летоска, својата премиера ја имаше на овогодинешниот Санденс, а телевизиски ќе се прикаже и на HBO во јуни. Де Ниро постариот, кој почина во 1993 на 71 година, според син му бил „луциден и отровен", но многу талентиран уметник.