Мнозинството од тие што гласаа за напуштање на ЕУ почнаа да го воочуваат проблемот што луѓето кои ја водеа кампањата за останување во Унијата го имаа уште од првиот ден - брегзитерите немаат поим од економија, и како таа функционира.
Бизнис светот неделата ја почна со информацијата дека Волмарт го купува конкурентот на Амазон, Џет (jet.com), за над 3 милијарди долари. Тука некаде и кулминира приказната за 29-годишниот Ерик Мартин, кој од понеделникот стана милионер.
Не сме баш сигурни околу споредбата со GoT, но во книгата на Хусеин дефинитивно има некакви племиња и некакви политички интриги. За останатото, ќе мора да се прочита.
Деновиве ќе полнеше 58 години а нам уште не ни проаѓа неверитисот дека си отиде. Не е лош тој ескапизам, по цел ден да слушаш Принц и Боуви и да гледаш стари бокс мечеви со Мухамед Али. До даљнег, на мртвите светот останува.
Суетни и елоквентни какви што обично се, познатите писатели знаеле да напишат отровни писма до нивни колеги, критикувајќи ги за сè и сешто. Кога пак нивните читатели доволно се описмениле, и тие почнале да им испраќаат пофални, но понекогаш и гневни писма на домашна адреса. Денес сè е на ачик.
Го имавме Двејн Џонсон и неговата исхрана (тука), па го имавме обичниот смртник што проба да се храни како Двејн Џонсон (тука). Сега, на барање на публиката (неговата), Хафтор Бјорнсон на Фејсбук ја објави својата дневна исхрана.
Мирослав Илиќ веројатно би му рекол дека му е слаб трилерот, Босанац остромно би приметил дека кандидатот не е од Живинице, Карлеуша би му плеснала дека никогаш од него нема ѕвезда да бидне дур така просто се облекува, а Цеца стручно би заклучила дека сепак дечкото е добар "у доњим лагама".
1973 година, 45-то доделување на Оскари. Презентери се Лив Улман и Роџер Мур, обајцата светнати ко гувернер Богов. Главен јунак на ова видео е Марлон Брандо кој добива награда за најдобра машка улога за ролјата во филмот Кум. Марлон Брандо го нема во ова видео.
Најнаивниот од сите бели прашоци на светот, вештачкото млеко за доенчиња, почна околу себе да собира неочекувана публика - организиран криминал кој прави милиони долари од него.
Бројките се американски и многу официјални (од даночно, од 2010-та), а според нив топ 400-те домаќинства од САД (топ 0,0003%) го заработуваат секој 6-ти долар (или 16%) што Американците го прават од продажба на акции, обврзници и недвижности (кои вредат над 500.000 долари).
Во прашање е која било трагедија, а за брендовите е природно да пробаат да се вклучат во џагорот околу кој било важен ден. Конкретно случајов е за 11-ти септември и судирот е меѓу некои од најголемите брендови и сопственик на студио за графички дизајн. Пораката е - во ред е да го заборавите 11-ти септември.
Дел од летното издание од Rich Kids of Instagram, блог кој се занимава со темата од своето име. Не ги брка старите богаташи, туку само нивните деца. Искрено и нив не го брка толку, колку што тие самите се трудат да се истакнат пред народ. Сите фотографии се од нивните Инстаграм профили.
Еве еден начин како да го преживеете периодот на неизвесност и празнина до петата сезона на серијата - на 7. октомври HBO во соработка со издавачката куќа Living Language ќе ја издаде книгата „Живиот јазик дотраки: конверзациски курс" од лингвистот Дејвид Петерсон.
Од Бинг Крозби до Прл Џем, Сиетл отсекогаш бил урбан расадник на добра музика. Тамошниот симфониски оркестар го знае тоа па паметно пробува да се очеша од брендот правејќи споеви на класична и модерна музика. Не оди виолина и рап? Кој вика?
Медиумите јавија дека контроверзната организација за заштита на животните Пета, ја оживува својата стара кампања во која се порачува дека млечните производи предизвикуваат аутизам.
За време на приемот на Бостон Ред Сокс во Белата куќа (по повод освојувањето на титулата во бејзбол), капитенот Дејвид Ортиз го фаќа Обама и прави селфи со него. Како и на Оскарите и ова селфи е направено со Самсунг Галакси Ноут 3. Само овој пат не е толку планирано.
Најголемиот "грев" е што цело време се удира по кутрите најбогати 1% од населението и како нивните приходи се небесно пораснати во однос на останатите 99%. Всушност проблемот се најбогатиот 1% меѓу најбогатите.
Јавна тајна е дека младите кошаркарски таленти во САД се толерираат што се трупови за школо, само за да можат да играат за силната Универзитетска лига. Имаме семинарска на еден таков академец.