Лани заработи 41,3 милиони долари, помалку само од Роналдо.
Догодина ќе го претица Роналдо бидејќи неодамна потпиша договор на 27 милиони долари годишно.
Надвор од теренот речиси уште толку. Од реклами 21,5 милиони годишно.
Најголем поединечен спонзор му е Адидас кој за тоа плаќа 4 милиони годишно.
Има договори и со Жилет, Самсунг, Геторејд и уште неколку пристојни фирми.
Колку ѝ значи на Барцелона? Клуб кој ќе реши да го откупи од нив ќе треба на Барса да ѝ плати 340 милиони долари.
Меси е еден од оние кои многу држи до својата приватност. Постојат малку знаци дека е тоа човек кој заработуа 40 милиони годишно.
Виден е во Maserati GranTurismo MC Stradale (240.000 долари).
Со неколку членови од пошироката фамилија живее на голем имот надвор од Барцелона. Скара, нормално.
Го има задржано својот дом во Аргентина иако никој не живее таму.
Ретко ама знае да изнајми приватен авион, како одел во Цирих на гала вечерта на Ballon d'Or.
Антонела Ракузо му е долгогодишна девојка.
Имаат пораснато во ист град, семејствата им се пријатели.
Малиот им се вика Тиаго.
Меси го има на патика.
Знае вака да се пицне за гала церемонија.
Или за прием кај Папата кој и самиот е голем фудбалски фан.
Или да се појави кога му земаат отпечаток за златна нога, продадена за 5 милиони долари наменети за жртвите од јапонското цунами.
А инаку, Инстаграмот му е комплетно досаден.
Ова веројатно му е најоткачената фотографија.
Но, мистеријата околу Меси најверојатно му помага.
Бидејќи не знаеме многу за него надвор од теренот, можеме да се концентрираме само на неговата игра.
За разлика од други....