Додека нивните колеги од останатите земји се уште не се отрезнети од божиќните прослави, фудбалерите од Велика Британија ќе си ги честитаат празниците на фудбалските терени и ќе одиграат 30 натпревари за само една недела.
Тренерот на македонскиот второлигаш Миравци си поднесе оставка поради тврдењата дека газдата натепал еден од фудбалерите затоа што не му подавал на син му. Сопственикот пак на Кардиф Сити го избрка главниот скаут и на негово место го стави школскиот другар на неговиот син кој работел како молер во клубот.
Новиот херој на Вест Бромвич Албион кој го постигна победничкиот гол против Манчестер Јунајтед, 20-годишниот Саидо Берахино од Бурунди за цела година заработува колку Ван Перси и Руни за еден ден.
Како поткрепа на новите рекорди во продажба на билети во англискиот фудбал за кои пишувавме вчера, стигна најновото истражување од островот според кое цените за гледање фудбал паднале за 2,4% во првите четири лиги.
На неколку денови до затворање на трансфер периодот, клубовите од Премиер лигата се на добар пат да го срушат рекордот во трошење на пари за нови фудбалери.
Воопшто не е изненадување што изминатата сезона се продадени најмногу дресови со името на Робин ван Перси, но вчудоневидува фактот четвртина од сите можни продадени дресови во Англија се со името на Робин ван Перси.
Магазинот „Тalksport" направи листа со сите 20 клубови од англиската Премиер лига од која ќе видиме кои екипи играле чисто и со помалку фаули, а кои се покажале како најгруби на теренот во текот на целата сезона.
Гери и Фил Невил и Франк и Роналд Де Бур се најпознатите браќа кои оставија белег во фудбалот и кои ќе останат запаматени во пакет. Но на фудбалската европска сцена од наредната година ќе гледаме две нови имиња на кои им престои блескава иднина.
Играњето на гостински терен е тешка задача за секој клуб во Премиер лигата. Во 21-годишната историја на лигата, само Манчестер Јунајтед има победено на повеќе од половината гостински натпревари.
Њукасл конечно победи по пауза од еден месец. Тие славеа на гостувањето кај Астон Вила со 1:2, а вториот погодок беше ремек-дело на Јоан Кабај и гол со кој францускиот интернационалец си се кандидираше за гол на сезоната во Премиер лигата.
Англичаните направија анализа на вредноста на влезниците за натпреварите во однос на бројот на головите. Некои сопственици на сезонски влезници платиле 6 пати повеќе за секој гол што го виделе минатата сезона.
Екипите кои на полувреме губат на гостување кај Манчестер Јунајтед можат да заборават на поените. Скоро 30 години никој нема победено на Олд Трафорд откако губел на полувреме.
Фудбалерите на Стоук се познати по нивната тактика на долги уфрлувања при изведувањето на аути, па Манчестер Сити им го скрати просторот до теренот со помош на рекламните паноа.