Навивачите на германскиот второлигаш Унион Берлин пред 8 години го спасија клубот со својата крв, пред 4 години сами го реновираа стадионот, а во неделата го преполнија истиот, но не заради фудбалски натпревар, туку за да пеат божиќни песни.
На 14 декемви во 2000-та година на салфетка од ресторан на тениски клуб еден фудбалски клуб потпиша договор со 13-годишно дете. 12 години подоцна тоа дете е најдобриот фудбалер на планетата.
Шампионот на полусезоната во бугарското првенство, екипата на Лудогорец, минатата сезона стана само вториот тим во светот кој во првата година по влегувањето од втора лига ја освои тројната круна. Веќе 2 години дел од бугарскиот феномен е кондициониот тренер Иван Јовановски.
Екипата на Ход која едвај се спаси од испаѓање во трета лига, во финалето на норвешкиот куп го победи Тромсо и следната сезона ќе ја претставува оваа земја во Лига Европа.
На црниот Џаспер пар медицински институти примениле нова, уникатна терапија за регенерирање клетки од р'бетниот столб кој му бил повреден. И просто убаво е да се гледа како малиот се опоравува.
Златан Ибрахимовиќ ги постигна сите четири голови при победата од 4:2 над Англија, а последниот гол можеби ќе влезе во историјата на фудбалот како најдобриот гол на сите времиња. Но како успева огромниот Швеѓанец да биде толку подвижен?
Ричард Фицпатрик во неговата книга „Ел Класико: Барселона - Реал Мадрид, најголемото фудбалско ривалство", ја раскажува приказната за развојот на Лионел Меси од мало плачливо дете до најдобар фудбалер на планетата.
Во раните 90-ти едно надежно тенисерче имало проблем со мотивацијата, па неговиот тренер му одржал лекција заклучувајќи го во шкаф за чување топчиња. Тоа дете прерасна во врвен тенисер кој вчера го освои Мастерсот во Париз.
Мексиканската драма во финалето на националниот куп ја реши Алфредо Фраусто со два клучки погодоци. Но оваа приказна да биде фудбалска бајка ја прави фактот што тој е само голман на второлигашка екипа.
Во третото коло од Лигата на шампиони, актуелниот шампион, екипата на Челси загуби на гостувањето кај Шахтјор, Јувентус само ремизираше со Нордсјеланд, а Барселона и Манчестер Јунајтед триумфираа со пресврт.
Ако мислите дека му е многу криво што го рогна малиот во фаца, само забележете му го говорот на телото откако ќе ја предаде жртвата на мајка му. Тоа го прави само мажјак кој е ужасно горд на нешто што направил.
Вечерва стартува 21. издание на најелитното европско клупско натпреварување. 32 клубови од 17 земји ќе одиграат 125 натпревари и ќе се обидат да стигнат до финалето на Вембли и до трофејот кој во моментов е во сопственост на Челси.
По пауза од три месеци се вративме помеѓу најдобрите 100 репрезентации на ФИФА ранг листата. Фудбалската репрезентација на Македонија напредуваше за пет позиции и сега се наоѓа на 97-то место.
Лигата на шампиони не е приватна забава на фудбалски гиганти со големи стадиони и богата историја. Тоа го докажа и поранешниот клуб на нашите Џевдет Шаиноски и Бајрам Фетаи, малиот дански клуб Нордсјеланд кој со добра организација и развој на млади фудбалери стигна до европската елита.
Конечно заврши и најдосадната трансфер сапуница во историјата на фудбалот. По две години селење во сите можни големи клубови во Европа, детето кое заради војната во Хрватска неколку години живеело во хотел за бегалци и тренирало со дрвени костобрани, потпиша за Реал Мадрид и стана најплатен хрватски фудбалер во историјата.
Ако некому СТВАРНО му се заминува од Македонија ама не да оди по Шпании, Зуричи и Канбери па пак секое лето да кмиши овде по роднини - му најдовме место. Среде океан. Најтуѓино, најјабано.
Емигрантите од Гана, Томас и Роуз Барвуа во 1990-та година го прославија раѓањето на својот син Марио, но 22 години подоцна кога тој стана најголема ѕвезда во Италија, своите голови ги посвети на неговата бела мајка Силвија Балотели. Еве ја приказната за новиот италијански херој.
Пријателство, љубов, симпатија, емпатија, тага, среќа, утеха, поддршка, приврзаност... Секогаш кога зборовите не се доволни, ни останува универзалниот јазик на човечката блискост: гушкањето.
Поранешните фудбалски ѕвезди Дејвид Симан, Грем Ле Со, Реј Парлор, Мартин Кион, Брајан МекБрајд и Клаудио Каниџа предводени од легендарниот тренер Тери Венејблс повторно се активираа и ќе настапуваат за фудбалскиот клуб Вембли во англиската деветта лига.
Македонската твитер заедница вчера беше во форма играјќи си на тема: Македонски порно наслови. Беа ејакулирани некои феноменални идеи а ние направивме избор од најдобрите. Браво бандо!