Фудбалски легенди се обединија во деветтолигаш

Поранешните фудбалски ѕвезди Дејвид Симан, Грем Ле Со, Реј Парлор, Мартин Кион, Брајан МекБрајд и Клаудио Каниџа предводени од легендарниот тренер Тери Венејблс повторно се активираа и ќе настапуваат за фудбалскиот клуб Вембли во англиската деветта лига.

Фудбалскиот клуб Вембли се натпреварува во Комбајнд Каунтис дивизијата која е осум скалила под англиската Премиер лига, но тоа не беше проблем за нив да привлечат неколку поранешни звучни фудбалски имиња.

Со помош на спонзорот Бадвајзер, малиот клуб од Лондон успеа во својата замисла и го креираше дрим тимот на ветерани.

Поранешниот селектор на репрезентацијата на Англија, Тери Венејблс на располагање во својот тим ќе го има триото на Арсенал, Дејвид Симан, Реј Парлор и Мартин Кион, поранешниот шампион со Блекбурн и член на Челси, Греам Ле Со, легендарниот Аргентинец Клаудио Каниџа и поранешниот капитен на Фулам, Брајан МекБрајд.

Тренинзите и натпреварите на клубот ќе бидат снимани од ЕСПН, а како што изјави самиот Венејблс, целта е да го одведат фудбалскиот клуб Вембли на стадионот Вембли на финалето од ФА купот.

22 јуни 2012 - 10:32