Гурбет 2.0

Ако некому СТВАРНО му се заминува од Македонија ама не да оди по Шпании, Зуричи и Канбери па пак секое лето да кмиши овде по роднини - му најдовме место. Среде океан. Најтуѓино, најјабано.

Како што гледате на мапата, локацијата на малиот остров е дефиниција за "џенем" и се наоѓа точно никаде, во центарот на Атлантикот.

Дел е од архипелаг кој и припаѓа на британската прекуморска територија Света Елена и и има главен град со романтично име: Единбург на седумте мориња.

Именуван е по португалскиот навигатор Тристан Де Куња, кој прв го открил во 1506-та година. По него, 261 година на островот нема да стапне човечка нога.

Живеењето на островот го започнал Американецот Џонатан Батлер, во 1810 година. Си поживеал таму цели 2 години. 

Денес на островот има оклу 300 жители. Рибарството и сточарството им е главната преокупација.

Иако климата е умерена, на островот нема ни рептили ни цицачи. Има еден вид птица, чија главна карактеристика е што не знае да лета. А и кај да лета на мајка и?

Средшниот дел го зафаќа загаснат вулкан чив врв е висок преку 2000 метри. Доколку вулканот се разбуди, жителите можат да одберат една од следниве правци за евакуација:

Јужна Америка - 3360 km
Африка - 4.531 km

28 јули 2012 - 13:57