Бетис имаше убедлив старт во Ла Лига од 3:0 против Елче, а во одлична форма се истакна и нивниот тренер. Мануел Пелегрини има 68 години и од 86-та не игра фудбал професионално, ама дајде му ја топката да му го видите осетот. Овации предизвика на трибини.
Во 70-тите години владееше страв од ново ледено доба. Сега владее страв од глобално затоплување. Во меѓувреме бевме плашени од кисели дождови и популациони бомби. Обединетите нации пресметаа дека „имаме само 10 години да го спасиме светот“. Тоа го пресметаа во 1989 година.
Локерен е белгиски клуб кој во 2003-та година за жал згасна, отиде под стечај поради сериозни финансиски долгови. Но во 2020-та година клубот се кренал од пепелта, бил создаден нов тим кој сега игра во пониските белгиски лиги. Сега во квалификациите за главниот ждреб во белгискиот Куп Локерен со 3-0 го победил Монс.
На јубилејното 100. хрватско дерби меѓу Динамо Загреб и Хајдук Сплит, гостите поведоа први со неверојатен еврогол на македонскиот репрезентативец Јани Атанасов од 30 метри. Јани го соблече дресот и тргна лудо да слави со Торцидашите, но Динамо на крилјата на Ристовски и Адеми направи комплетен пресврт.
42 годишен Либанец влезе вооружен во банка, држеше заложници и се закануваше дека ќе се запали и себе и сè околу себе ако не му се исполнат барањата. Наместо да стане омразениот Либанец на денот, човекот им стана херој на луѓето.
Во емисијата „Легендите на Маракана“ има место само за избрани имиња, како што е славниот Дојчиновски кој почина денеска на 78 годишна возраст. Звезда не го испрати само со статус на социјалните мрежи, туку потсети на неговите трофејни денови во црвено белиот дрес. Да не се погодеше воениот рок, не им бегаше финале во ЛШ.
Немаше смисла во наслов да ставиме „Невести кои нема да ви се верува дека постојат“, ама ова се стварно невести што нема да ви се верува дека постојат. Како им текнуваат вакви работи?
Прогресивноста дојде и до Лијам Нисон, односно неговата најпозната филмска кожа, како татко кој не застанува додека не ја спаси својата ќерка. Многу било насилно тоа и било застарено сфаќање на татковството и мажественоста. Новиот татко и маж веројатно би требало да ги убијат злотворите со досада.
„Само 30% од помошта во оружје за Украина стигнува до крајната дестинација,“ е едно од тврдењата на документарецот на Си-би-ес работен неколку месеци на терен во Украина, кој телевизиската мрежа целосно го збриша само неколку дена по објавувањето.
Молде од Норвешка го победи унгарскиот Кишварда со 3-0 и практично го реши прашањето за пласман во следна фаза. Шпицот од Брег на Слонова коска, Давид Датро Фофана кој има само 19 години, постигна прекрасен гол. Пред да го матира голманот Одинцов, издрибла пола противничка екипа.
Првиот месец од руската инвазија на Украина изгледаше лошо за Русија како на фронтот во Украина, така и за економијата дома. На 23-ти март, Путин објави дека во иднина ќе бара сите енергенси Европа да ги плаќа во рубљи. Од тогаш почнува да се случува пресвртот, барем во економската војна.
Ројал Унион Сент Жилоа или попознат само како Унион е белгиски клуб кој после цели 48 години се разбуди од нисколигашки сон, одигра сензационална сезона во која беше прв буквално цело време до последните кола во плејофот кога Клуб Бриж им ја украде титулата во Белгија.
Западните санкции против Русија се најлошо осмислената и контрапродуктивна политика во модерната историја. Воената помош за Украина е оправдана, ама економската војна е неефикасна против режимот во Москва и уништува мети кои не беа планирани, пишува Сајмон Џенкинс во текстот за Гардијан.
Стотици НБА играчи, тренери, чиновници и поранешни ѕвезди споделија свои мисли во знак на сочувство за иконата на Бостон Селтикс Бил Расел, најтрофејниот НБА кошаркар кој почина на 88-годишна возраст.
Во првото коло на стартот од сезоната во англиската Лига 2 играа Бредфорд Сити и Донкастер. Мечот немаше голови ама имаше два црвени картони. Првиот го доби гостинот Ли Томлин во длабоко судиско продолжение од првиот дел во 45+5’ минута и тоа после два жолти за најголема глупост каква што не се видела.
Виљареал под водство на големиот цар Унаи Емери е на англиска турнеја каде го победија Саутемптон а вечерва играат со Фулам на „Кревен Котиџ“. Група англиски навивачи кога го виделе Емери како излегува од клупскиот автобус, го закачнале за неговото Good Ebening наместо Good evening како што редовно викаше на прес-конференеции додека го водеше Арсенал на времето.
Европскиот шампион глатко со 2-0 го победи Јувентус во натпревар одигран пред дури 93.702 гледачи на прекрасниот стадион „Роуз Бол“ во Пасадена, предградието на Лос Анџелес во САД.
Тузланскиот судија Бекир Кравиќ на дербито меѓу Жељезничар - Црвена Звезда во најдобрата лига на поранешна Југославија, му удрил глава на Среќко Илиќ од Жељо и за таков гест бил ригорозно казнет. Видеото стигнало и до една култна емисија во Британија - Saint & Greavsie каде Иан Џон и Џими Гривс коментираале поштапалици од фудбалски терени.