Династија Ибрахимовиќ: И децата ќе тренираат и играат во Милан

Италијански Кориере дела Сера пишува дека двата сина на легендарниот Златан Ибрахимовиќ ќе тренираат и играат во младинската школа на Милан.

Нови двајца Ибрахимовиќ во црвено-црниот дрес. Максимилијан и Винсент, 15 и 14 години, синови на Златан Ибрахимовиќ кој во вторникот на 9 август дошол во базата Миланело.

Ибрахимовиќ летово долго славеше скудето со Милан, потоа имал операција на коленото и неколку дена подоцна го продолжил договорот со росонерите.

Златан сега редовно доаѓа во базата во Миланело не само на продолжена физиотерапија и вежби, туку и да ги носи Максимилијан и Винсент на тренинзи.

Уште во март годинава, за време на репрезентативна пауза, на прес-конференција додека беше со репрезентацијата на Шведска, Златан Ибрахимовиќ изјави дека уште не размислувал за иднината и додаде: „Да имаш две деца кои ти плачат секој пат кога ќе си заминеш е многу тешко. Дома шутираат топка, жена ми бара да им кажам да прекинат ама тие сакаат и во право се. Она што ќе го скршат ќе го купиме пак. Дали ќе се вратам во Шведска? Винсент плачеше кога си одев, ама сега е добар...“

Во меѓувреме Ибрахимовиќ на своите социјални мрежи објави фотографија од неговите нозе со натпис: Limitless (бескрајно).

10 август 2022 - 15:15