Славниот Киро, роден во Скопје 1943-та година, во Звезда бил еден од најстандардните првотимци со импозантни 420 настапи за седум години, во периодот (1967–1974).
Ќе остане запишан како дел од генерација предводена од славниот Драган Џаиќ, а за само една година се разминале со неговиот сонародник и уште едно големо име од тоа време, штипјанецот Драгослав Шекуларац.
Но затоа патиштата им се вкрстиле во Франција и тоа на барање на Дојчиновски кој како член на Париз, побарал и го добил од претседателот големото македонско засилување.
Кирил Дојчиновски важи за голема легенда на Маракана со 4 титули првак на Југославија и 3 пати освојувач на Купот.
#RedStarBeograd (1970): #Dzajic #Dujkovic #Djoric #Krivokuca #Pavlovic #Dojcinovski #Klenkovski; #Antonijevic #Ostojic #Lazarevic #Acimovic pic.twitter.com/HhOMop77FX
— OldFootballPhotos (@OldFootball11) November 30, 2016
За влакно не одиграл финале во Купот на Европски шампиони против Ајакс во 1971-ва година, кое Звезда речиси го имала в раце после ветувачка победа од 4:1 над Панатинаикос во полуфинале.
Но на реваншот во Грција загубиле 3:0 и биле елиминирани. Македонскиот стопер бил спречен да помогне, бидејќи тогаш служел војска.
Во сезоната 1973/1974, во второ коло го елиминирале Ливерпул со две победи од по 2:1.
45 години подоцна, Звезда со двата гола на Павков повторно го изненади Ливерпул во ЛШ, а Дојчиновски беше меѓу легендите од тоа време кои беа поздравени на тартанот.
FK Crvena zvezda sa velikim žaljenjem obaveštava javnost da nas je još jedno fudbalsko ime zauvek napustilo, a reč je o Kirilu Dojčinovskom koji je preminuo u 79. godini života.
— FK Crvena zvezda (@crvenazvezdafk) August 10, 2022
🔴⚪️#fkcz pic.twitter.com/B0xZSAY8kc
Гостувањето во емисијата Легендите на Маракана.
Поради компликации од гангрена, во 2009-та година му беа ампутирани и двете нозе.