„Да кажеш дека си играл на Маракана, тоа е исто како Монт Еверест, нема повеќе, тоа е“, ќе каже покоен Кирил Дојчиновски. „Не очекував дека ќе бидам стартер, но одеднаш ми го прочитаа името. Се наежив“, рече Методија Спасовски.
Црвена Звезда не е единствената спортска институација од надвор која му оддаде почит на Кирил Дојчиновски. Сочувство изразија и Џани Инфантино, како и Фудбалската Федерација на Ел Салвадор.
Животниот фудбалски пат на славниот Киро е убаво раскажан во емисијата „Патот до успехот“ на една недела пред стартот на СП 2018. Тој не е само прв Македонец кој заиграл на Мундијал, туку и прв заедно со Методија Спасовски кои стапнале на Маракана во Бразил. Фоторепортерите го имаат фатено заедно со Пеле.
Владимир Петровиќ Пижон и Кирил Дојчиновски потпишуваат автограми во стоковна куќа во Франкфурт, од каде сите репрезентативци на Југославија добиле телевизори во боја за време на Мундијалот 1974, кој го освои домаќинот Западна Германија предводена од Герд Милер и Франц Бекенбауер.
Во емисијата „Легендите на Маракана“ има место само за избрани имиња, како што е славниот Дојчиновски кој почина денеска на 78 годишна возраст. Звезда не го испрати само со статус на социјалните мрежи, туку потсети на неговите трофејни денови во црвено белиот дрес. Да не се погодеше воениот рок, не им бегаше финале во ЛШ.