Белгискиот непознат клуб го шашардиса Ренџерс

Ројал Унион Сент Жилоа или попознат само како Унион е белгиски клуб кој после цели 48 години се разбуди од нисколигашки сон, одигра сензационална сезона во која беше прв буквално цело време до последните кола во плејофот кога Клуб Бриж им ја украде титулата во Белгија.

Ројал Унион стигна до квалификации за Лига на шампиони а таму во 3. коло си поигра со надалеку познатиот Ренџерс од Глазгов.

Белгискиот состав кој одигра сјајна сезона, а во новата влезе без својот најдобар играч Денис Ундав кого го продадоа во премиерлигашот Брајот, синоќа со 2-0 го попари Ренџерс.

Белгијците имаа 8 шута кон противничкиот гол, два пати погаѓаа статива и малку фалеше до врв да ја наполнат мрежата на Шкотите кои сега пред реваншот ќе бркаат негатива од два гола во Глазгов.

Прво во 27’ минута од првиот дел, Теди Теума постигна гол за водство после прекрасна акција и буквално везење по теренот на фудбалерите на Унион Сент Жилоа:

Во вториот дел, во 76’ минута Данте Ванзеир од пенал ги постави конечните 2-0 и Ренџерс е на праг од испаѓање од Лига на шампиони

Резултати од останатите натпревари во 3. коло од Лига на шампиони (први средби):

Вторник:

Шериф - Викторија Плзењ 1:2 (1:1)
Лудогорец - Динамо Загреб 1:2 (1:2)
Монако - ПСВ Ајндховен 1:1 (0:1)
Ројал Унион - Ренџерс 2:0 (1:0)
Бенфика - Мидтјиланд 4:1 (3:0)

Среда:

Боде/Глимт - Жалгирис
Карабаг - Ференцварош
Макаби Хаифа - Аполон Лимасол
Динамо Киев - Штурм
Црвена звезда - Пјуник

Повеќе за белгискиот клуб во приказната за него:

Чудото во Белгија - разбудениот гигант после 48 години се врати во прва лига и лидер е на табела

3 август 2022 - 09:40