Прекрасната белградска приказна за комшија Кире

Комшиската лекција на Кире траеше 20-30 минути. За нас вечност. Ние останавме на „Травица“ и наместо да играме, раскажувавме како играше „крљаџијата“.

Црвен блок ги викавме четирите згради на аголот на улица Поречка и некогашната улица Ѓуро Ѓаковиќ. Од едната страна згради, од друга полицијата со интернатот. Помеѓу нив игралиште покриено со трева, идеално за фудбал, најважно во животот на децата кои растеа без компјутери, мобилни, тв канали. Популарната „Травица“.

Се знаеше, собир во 10 сабајле, па игра, па после задолжителниот одмор, пак од 17 додека не се стемни. Се зависи во која смена се оди во школо.

Црвен блок имаше квалитетни станари, од попознатите тука беа уметници како Здравко Шотра и неговата преубава жена Никица Мариновиќ, потоа Милан Пузиќ, пејачот Тихомир Петровиќ, сликарот Агатоновиќ, новинарот на Политика Јаничијевиќ, едно од првите пера на листот „Спорт“ Тодор Буља, тенисерот Александар Нигриновиќ...

Сепак, за нас децата, прва ѕвезда беше Киро Дојчиновски, стамен центархалф на Црвена звезда, кој почина на 78 години во Скопје пред некој ден.

Член на оној легендарен тим на Миљановата Звезда: Дујковиќ, Ѓориќ, Јевтиќ, Павловиќ, Дојчиновски, Кленковски, Антонијевиќ, Остојиќ, Лазаревиќ, Ачимовиќ, Џајиќ.

Се знаеше, Дуја брани, бековите шпартаат и центрираат, Павика и Киро чуваат противнички напад, Кленко ја расипува играта на ривалот, Жота Антонијевиќ и Куле ја градат играта, Џајиќ му центрира на Лаза на глава, одбиени топки собира Остоја. Така неколку години додека во тимот не влегоа Кривокуќа, Новковиќ, Филиповиќ, Караси, Петровиќ, Јанковиќ, Богичевиќ.

Кире не беше во очите на нас децата, центархалф во стилот на Бекенбауер. Не му се мислеше многу да направи фаул, знаевме да го викаме „крљаџија“ под закрила дека „знае само да тепа“.

Секогаш насмеан, ни враќаше на поздравите, храбите шеги посветени на победите и поразите. Ние наклонети на црвено-белите бои задоволно ги коментиравме победите, а другарите од црно-белиот табор дочекуваа свои моменти кога Звезда ќе направеше лош разултат. На Кире тоа ништо не му сметаш, постар 10-15 години од сите нас, само ќе се насмееше и ќе влезеше во станот во „Ѓуро Ѓаковиќ“ 82.

Подоцна се окураживме. Убедени дека одлично играме мал фудбал, знаевме да го викнеме на нашиот терен „Травица“ да му покажеме дека фудбалот не е „крљање“, туку уметност на дриблингот, двојно додавање, шут... Не ни паѓаше на памат дека професионалците не смеат да прават ништо надвор од теренот од страв од повреди. Поготово што нашата „Травица“ не беше ни близу до идеална подлога, нерамна, со тумби-румби, на некои места гола, со неправилно отскокнување на топката чиј правец точно го знаевме само ние, сталните муштерии на големиот терен.

Идеално за „касапот“, црвено-белата петка ја понижиме, да му покажеме како треба да се игра.

Еднаш се случи и тоа. Бар сакавме да се случи по наши желби.

„Момци, доаѓам, се гледаме во пет“, рече Киро. Каква возбуда, спремање, загревање. Како постарите.

Кира дојде на „Травица“, се сеќавам како денес, во неформална опрема со патики. Тогаш изборот беше скратен: шангајки, пума и адидас плус оние кои се за кратка употреба.

Храбро почнавме и веднаш застанавме. Киро играше сам, а ние трчавме околу него. Тие од неговата екипа беа среќни кога „касапинот“ после успешни потези ги оставаше сами да погодат гол меѓу две цигли, стативите од голот. Ние од другата екипа храбро од сам старт почнавме да бегаме од него, не сакајќи да бидеме сведоци како топката на волшебен начин ни проаѓа низ нозе, како тргнуваме во погрешна страна и како, на крајот од краиштата во дуел би влегле похрабро и би наишле на тврдо и би се одбиле од карпата која е викаше Кирил Дојчиновски.

Комшијската лекција на Кире траеше 20-30 минути. За нас вечност.

„Момци, имам тренинг, морам да одам. Се гледаме“, рече после неколку совети што треба да поправиме.

Ние останавме на „Травица“ и наместо да играме, раскажувавме како игра „крљаџијата“. Веќе не го викавме, брзо се отсели, а нам ни остана со години, па и децении подоцна да се присеќаме на деталите од фубалските лекции на комшија Кире.

Дејан Стевовиќ (Спортклуб)

Репортажа на Црвена Звезда за Кирил Дојчиновски

Фото на денот со првиот Македонец на Светско

11 август 2022 - 13:41