Тројната круна на Киву за прв пат освоена во италијанскиот фудбал

Кога се зборува за тројна круна во Интер која Италијанците ја викаат „триплета“, се мисли на онаа на Мурињо, прва во историјата на клубот. Но, оваа со Киву е поинаква.

Со освојувањето на титулата викендов, романскиот стратег постави уникатен рекорд во италијанскиот фудбал. 

Тој не само што влезе во листата на оние кои го освоиле Скудетото и како играч и тренер, туку стана и единствен кој го направил тој успех и како тренер на Примавера тимот. И тоа сите успеси со еден тим. Интер.

Како играч три пати: 2007/2008, 2008/2009, 2009/2010
Како тренер на Примавера: 2021/2022
Како тренер во Серија А: 2025/2026

Со вкупно четири Скудета, како играч и тренер, тој се израмни со Карло Анчелоти во ова посебно рангирање и стана само седми во историјата кој освоил Скудето како играч и тренер во ист тим. 

Другите се Анчелоти, Лидхолм, Капело, Конте, Парола и Ара.

Инаку само двајца играчи ја имаат освоено титулата со Примавера и првиот тим: Саки и Инверници. Првиот со Чезена во 1982 година, а потоа со Милан во 1988 година (два различни клуба).

Инверници тоа го остварил со Интер. Три пати со Примавера и еднаш со сениорите во 1971 година. Но ниту еден од нив никогаш не освоил Скудето како играч.

Одиме со топ 10 листа на најмногу освоени титули на играчи/тренери. Конте е прв со 10.

КРИСТИЈАН КИВУ 4

Како играч: 3 (Интер)
Како тренер: 1 (Интер)

КАРЛО АНЧЕЛОТИ 4

Како играч: 3 (1 Рома, 2 Милан)
Како тренер: 1 (Милан)

ЛУИЏИ РАДИЧЕ 4

Како играч: 3 (Милан)
Како тренер: 1 (Торино)

РОБЕРТО МАНЧИНИ 5

Како играч: 2 (Сампдорија, Лацио)
Како тренер: 3 (Интер)

КАРЛО ПАРОЛА 5

Како играч: 2 (Јувентус)
Како тренер: 3 (Јувентус)

НИЛС ЛИДХОЛМ 6

Како играч: 4 (Милан)
Како тренер: 2 (Милан, Рома)

ГВИДО АРА 8

Како играч: 6 (Про Верчели)
Како тренер: 2 (Про Верчели)

ФАБИО КАПЕЛО 9

Како играч: 4 (3 Јувентус, 1 Милан)
Како тренер: 5 (4 Милан, 1 Рома) 

ЏОВАНИ ТРАПАТОНИ 9

Како играч: 2 (Милан)
Како тренер: 7 (6 Јувентус, 1 Интер)

АНТОНИО КОНТЕ 10

Како играч: 5 (Јувентус)
Како тренер: 5 (3 Јувентус, 1 Интер, 1 Наполи)

4 мај 2026 - 13:50