Шеталицата на Кавадарчани која ги налути ФФМ и Вардар
Екипите на Тиквеш и Арсими 1973 одиграа возбудлив натпревар во Кавадарци, кој заврши со поделба на бодовите 1-1 (1-1) во рамки од 30. коло на Првата македонска фудбалска лига. Навивачите на кавадаречкиот клуб, популарните „Лозари“ кренаа шеталица поради која делегатот на натпреварот бараше истата да биде остранета.