Во рамки од 5. коло во хрватската ХНЛ лига, гостите од Сплит на „Максимир“ поведоа со 0-1 по фантастичен гол на Јани Атанасов.
Евроголот Јани Атанасов го постигна во судиското продолжение на првиот дел и „билите“ со водство отидоа на пауза.
Но во вториот дел „модрите“ докажаа зошто се шампиони и зошто се на чекор од Лига на шампиони.
Во 61' минута Батурина израмни на 1-1. Само три минути подоцна Аријан Адеми блесна и со нов гол му донесе пресврт на Динамо Загреб 2-1 а до крајот од мечот во 84' минута прво Гојак на супер асистенција на Стефан Ристовски зголеми на 3-1, а Мислав Оршиќ ги постави конечните 4-1 за Динамо Загреб кој заслужено го доби јубилејното 100. дерби.
После 5 одиграни кола, Динамо има четири победи и едно реми а Хајдук е втор со еден пораз, токму од Загрепчаните во дербито на „Максимир“.