Од Џабар и Шек, преку Стеф Кари, Баркли и Поп: Цела НБА се простува со големиот Бил Расел

Стотици НБА играчи, тренери, чиновници и поранешни ѕвезди споделија свои мисли во знак на сочувство за иконата на Бостон Селтикс Бил Расел, најтрофејниот НБА кошаркар кој почина на 88-годишна возраст.

Бил Расел е еден од најголемите во историјата на кошарката. Тој се смета за клучна фигура во градењето на династијата Бостон Селтикс со 11 освоени титули во 13 години од кои последните две како првиот црномурен тренер во кој било спорт во САД.

НБА комесарот Адам Силвер во соопштение напишал дека Расел бил „најголемиот шампион во сите тимски спортови“.

 

НБА тагува, се одјави големиот Бил Расел

1 август 2022 - 11:27