Во анкетата на Југов се опфатени само регистрирани гласачи од двете партии и независни, а според нив втор мандат на Трамп би бил катастрофа за 37% од гласачите, а втор мандат на Бајден за 35.
Со овие бројки опцијата „најлошото нешто“ собрала најголем процент на анкетата која имала уште 4 други опции: најдобро нешто што може да се случи, главно добро, мешавина од добро и лошо, главно лошо.
Против кандидатурата на Трамп биле 85% од гласачите демократи и 25% од гласачите републиканци, додека против Бајден 2024 биле дури 43% од гласачите демократи и 84% од гласачите републиканци.
Сепак ако денес се одржи реприза на изборите 2020, 41% од гласачите изјавиле дека ќе го поддржат Бајден, а 39% ќе го поддржат Трамп.
Хипотетички доколку Бајден се тргне на страна и демократите ја изберат Камала Харис за претседателските избори, нејзината кандидатура во 2024 би добила само 30% од гласовите на демократите или независните, додека 52% се за некој друг кандидат.
Од друга страна, потенцијалната замена на Трамп на гласачкото ливче со Рон Десантис (гувернерот на Флорида) би била поддржана од 44% од републиканците.