И покрај тоа што важеше за моќна и богата франшиза, Орландо не направи ништо по прашањето да го задржи Шекил во своите редови. Ја докажуваа својата надмоќ со тоа што ја критикуваа неговата игра и на крајот Шек реши да потпише со Лејкерс каде направи империја.
Најдобриот словенечки играч Горан Драгиќ уживал на брегот на Јадран во Хрватска кога во еден момент сфатил дека останал без новчаникот во кој имал важни документи, картички и неколку различни валути. Имал среќа што го нашол чесен чистач на плажата.
После повеќе од една деценија забава за публиката во Јунајтед Центарот во Чикаго, Бари Андерсон одлучи да ја соблече маскотата и да види каков е светот од другата страна.
Навивачка на Атланта Хокс не можеше да ги задржи емоциите од средбата со Шек, па се расплаче додека се фотографираа за време на ТНТ студиото во Атланта.
Кога едно неделно утро пиел кафе и отворил да чита весник, на светски познатиот кошаркарски агент му паднало во око името на некое дете кое давало по 30 коша во јуниорските категории. Решил да го ангажира, а денес малиот игра во НБА.
„За разлика од другите тренери, Поп навистина сака да знае како сте, како живеете. Ја разоткрива вашата личност и точно знае што можете а што не“, раскажува за првите тренерски денови на Грег Поповиќ еден од тогашните студенти на колеџот Помон.
На почетокот на овој месец НБА ги испрати првите предупредувања до двајца симуланти, а вчера ја изрече и првата парична казна. Првиот кошаркар кој ќе плати казна за флопинг е Реџи Еванс.
Симуланти пазете се, НБА ве прати. Откако пред почетокот на сезоната го најавија новото правило, челниците на НБА лигата ги испратија и првите официјални предупредувања за симулантите.
Актуелниот шампион на НБА лигата имаше успешен старт на новата сезона. Мајами Хит во одбрана на титулата тргна со победа над Бостон Селтикс, ЛА Лејкерс беа поразени од Далас, а Кливленд славеше над Вашингтон.
Вечерва стартува 67-та сезона од најквалитетното светско кошаркарско натпреварување. Мајами Хит е најголем фаворит за одбрана на тронот во НБА лигата, а Лејкерс и Оклахома ќе се обидат да им го украдат шампионскиот трофеј.
Со цел подобро да го објасни новото правило за борба против симулантите, НБА објави видео со примери од натпревари и кои ќе се казнуваат, но и ситуации за кои играчите нема да бидат санкционирани.
Изминативе денови се крена многу прав околу одлуката на НБА лигата за казнувањето на кошаркарите за „флопинг" односно симулирање на фаул. А кога ќе се спомене поимот „флопинг", тоа веднаш асоцира на Владе Дивац - човекот кој го воведе симулирањето во НБА лигата.
Неверојатниот Леброн Џејмс со 45 поени го спаси Мајами на гостувањето кај Бостон и се избори за седми натпревар и тоа пред своите гледачи на кој ќе биде одлучен финалистот од Истокот.
Кошаркарите на Сан Антонио ја победија Оклахома во вториот натпревар од финалето на Западната конференција на НБА лигата и ја продолжија рекордната серијата од 20 победи.
Магазинот Sports Illustrated спроведе анкета помеѓу самите кошаркари за тоа кој е највалканиот играч во НБА лигата. Изненадувачки, на првото место не е Мета Ворлд Пис (Рон Артест).