Ниту 44 поени, 10 асистенции и 8 скокови на Рондо не беа доволни за Бостон. Селтикс имаа водство на полувремето, а на почетокот на третата четвртина водеа и со +15, но домаќините направија пресврт и по последната четвртина резултатот гласеше 99:99.
Во продолжението Рондо ги постигна сите 12 поени за Бостон, но тој не можеше сам и на крајот Мајами победија со 115:111.
Најефикасни во победничката екипа беа Леброн Џејмс со 34, Двејн Вејд со 23 и Марио Чалмерс со 22, а освен Рондо за Бостон се истакнаа и Пол Пирс со 21 и Кевин Гарнер со 19 поени.
Финалната серија сега се сели во Бостон каде во петок навечер Бостон ќе се обиде да намали и да направи пресврт од 0:2, нешто што не им успеало од 1969-та година.
Најдобрите потези од натпреварот:
И Леброн е човек: