Сан Антонио го совлада Оклахома Сити Тандер со 120:111 и поведоа со 2:0 во финалната серија на Западот. Со оваа победа Сан Антонио постави нов рекорд во НБА лигата по бројот на победи во регуларниот дел и плејофот. Тие го срушија рекордот на ЛА Лејкерс кои во сезоната 2000/2001 победија на 19 натпревари во серија.
Предводник на Спарси беше Тони Паркер со 34 поени и 8 асистенции, а Ману Џинобили постигна 20 поени. Одлична ноќ за Оклахома имаа Дурент со 31 поен, Харден со 30 и Вестбрук со 27 поени односно овие тројца кошаркари постигнаа вкупно 88 поени, но и тоа не беше доволно да се спречи поразот.
Третиот натпревар од финалето на Западната конференција ќе се одигра ноќта помеѓу четврток и петок во Оклахома.
Најинтересните потези од натпреварот: