До неодамна анонимниот адвокат кој навива за Рома, Андреа Страмачони потпиша тригодишен договор со Интер и во иднина ќе биде постојан тренер на оваа екипа.
Само еден ден откако РК Металург објави дека Дарко Станиќ потпишал нов договор со клубот, дознаваме дека ракометниот шампион на Македонија ќе го прати голманот на позајмица во Катар.
Британската телевизија БиБиСи преку својот документарец „Стадиони на омразата" прати јасна порака дека УЕФА згрешила со тоа што им го доделила Европското првенство на Полска и Украина и навивачите не треба да патуваат таму, но дали тие малку претераа?
Пренапалени активисти (за која било кауза) знаат да бидат најдосадните тролови на планетава. Не опасни, не одвратни, туку баш така, досадни. Затоа што она што прво им го убива каузата (национална, сексуална, асексуална) е смислата за хумор.
Кошаркарите на Сан Антонио ја победија Оклахома во вториот натпревар од финалето на Западната конференција на НБА лигата и ја продолжија рекордната серијата од 20 победи.
Во 1991, контроверзниот скулптор Марк Квин, познат и по 18-каратната златна статуа на Кејт Мос, почнал да изработува автопортрет, и тоа од 4,5 литри сопствена, замрзната крв. До денес има направено четири верзии.
До пред некое време Германците беа речиси еднакво поделени во врска со "спасувањето" на Грција. Сега едната страна почна да доминира, онаа што нема проблем да плаќа во драхми на летниот одмор.
Некако чувствуваме дека оваа статија ќе биде масовно шерувана. Зошто? Затоа што е за еден од најоткачените меѓу филозофите, кој со само една објавена книга во текот на животот, и тоа од само 75 страници, оставил траен печат. Нам додуше ни е доволна само една причина за да го цениме, неговото: „За она за што не може да се зборува, треба да се молчи".
Фудбалскиот видео портал 101greatgoals.com направи компилација од најдобрите 101 голови во сезоната 2011/12. Погледнете ги головите и учествувајте во изборот за најдобар гол на сезоната.
Рамбо Амадеус и неговото магаре навистина не влегоа во финалето на Евровизија, но затоа добија текст во Економист. Поврзувајќи ги традициите на епската поезија на Његош, со онаа на премиерот на Црна Гора, и конечно со Рамбо, авторот на крај има добра поента - Црна Гора е книжевно село, како впрочем и и Македонија.
Јуџин Поли, изумителот чија најпозната креација создава блажена мрза, предизвикува децении домашни расправии и засекогаш го промени начинот на кој луѓето уживаат во телевизијата, почина на 96-години.
Група фудбалски аналитичари направија истражување кое најверојатно тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес го немал прочитано, па затоа Петр Чех им ги „прочита" пеналите на финалето од Лигата на шампиони.
Полска и Украина се подготвени да ги пречекаат навивачите, а најмногу на ова Европско првенство му се израдуваа препродавачите на влезници, угостителите и проститутките. Тапкарошите нудат „гратис“ билет за 1.480 евра.
Постар богаташ, средовечен уметник и страсен 30 годишник. Според искусната Лајза Минели, ова е трилингот кој треба една жена да го поседува ако сака да има идеален брак. Во недостаток на потребниот репроматеријал, 66 годишната пеачка живее со шнауцери.