Чоколадо и кокос

Ајфинс мафини

Рецепти за мафини има многу, но никогаш не е на одмет уште еден.

Време на подготовка:
5 мин.

Време на готвење:
20-25 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

12 парчиња

Состојки

  • 180 гр. шеќер
  • 250 гр. брашно
  • прашок за пециво
  • 12 грама
  • 50 мл. масло за готвење
  • 200 мл. кисела вода
  • 1 лажица какао
  • 50 гр. кокос
  • 100 гр. чоколадо за готвење

Подготовка

Во поголем сад додадете ги шеќерот, брашното, прашокот за пециво, зејтинот и киселата вода. Матете со миксер додека не се добие хомогена смеса.

Поделете ја смесата во два сада. Во едниот сад додадете го какаото и мешајте со лажица додека не се соедини. Во другиот сад додадете го кокосот и промешајте.

Во тавче за мафини намачкано со зејтин, прво поделете ја смесата со какао во сите калапи подеднакво, а потоа додадете ја смесата со кокос одозгора. Внимавајте да не се преполнат калапите.

Во претходно загреана рерна на 250 степени, ставете ги мафините и печете ги околу 5 минути. Извадете ги од рерната и во секој од мафините боцнете по неколку парчиња од претходно искршеното чоколадо. Вратете ги мафините да се допечат околу 10-15 минути.

31 мај 2012 - 07:00